Легендарниот актер Ал Пачино ја ситни деветата деценија и доби син минатата година, на 83-годишна возраст со неговата многу помлада партнерка.
Во овие години, тој целосно го смени своето мислење за стареењето, но и на однесувањето. Порача дека за него е клучно да не ги троши нервите на луѓе кои не се сочувствителни кон него и да им се предаде максимално на своите најблиски.
Новинар го праша Пачино, која е неговата возраст и како се чувствува кога ја ситни деветтата деценија.
Неговиот одговор беше: Што е старост?
Со текот на годините, се промени и неговиот став кон жените.
– Не сакам да бидам автомобил од кој влегуваат и излегуваат жени. Ми треба придружник со кого ќе одам до самиот крај – рече актерот.
Маестралниот актер вели дека староста му донела можност да стане бескомпромисен и нетолерантен кога станува збор за бесмислени испади на други луѓе.
Актерот кој сега има 84 години вели дека му е жал само за една работа.
– Штета што само во овие години сфаќаме дека можеме и мора да излеземе од животот на сите оние луѓе кои не треба да бидат близу до нас, кои не иритираат и ни штетат – порача Ал Пачино.