Актуелниот градоначалник на општина Центар, Горан Герасимовски од СДСМ, вечерва ја прогласи својата победа на вториот мандат, откако ги победи својот противкандидат Мирослав Лабудовиќ од Движење ЗНАМ. Победата, како што истакна Герасимовски, е резултат на четиригодишна посветена работа и континуирана комуникација со граѓаните.
– Денеска победи прогресивното, слободното, модерното, чесното работење на фер демократски и слободни избори. Да те изберат двапати за мене е најголема чест, а воедно и огромна обврска. Победивме зошто работевме 4 години, а не само 30 дена. Комунициравме со граѓаните, обединувавме, имавме јасен пат и се водевме од принципи, а не од дневни политики – рече Герасимовски.
Според Државната изборна комисија (ДИК), со обработени 94,87% од гласовите (74 од 78 избирачки места), Герасимовски освои 52,72% или 10.429 гласа, додека Лабудовиќ доби 38,31% или 7.578 гласа.
Герасимовски потенцира дека неговата цел останува општината да биде сервис за граѓаните, да се продолжи со модернизација, дигитализација и создавање поволни услови за секојдневниот живот во Центар.
Оваа победа ја потврдува довербата на граѓаните во неговото раководство и го означува почетокот на нови четири години посветени на транспарентно и чесно работење во општината.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
