Активната транспарентност на Општина Дебрца во 2025 година изнесува 89,9 % (од можни 100 %) со што општината се наоѓа во групата институции со ’многу добра‘ активна транспарентност (исполнување на обврските од 80 % до 100 %). Со овие бодови, општината се наоѓа на делба на 29-та позиција од вкупно 102 рангирани институции. Оваа општина од Југозападниот Регион по четврти пат се наоѓа во групата на иституции со многу добра активна транспарентност.
Под ’активна транспарентност‘ се подразбира објавувањето информации на сопствена иницијатива на институциите, без притоа некој да има доставено до нив барање за пристап до тие информации. Наспроти тоа, во случаите кога до институцијата се доставува барање за одредена информација, станува збор за ’реактивна транспарентност‘. Потребата од проактивното објавување информации произлегува оттаму што на тој начин се обелоденуваат:
» информации за регулативата и за одлуките на властите, со што се остварува правото на граѓаните да бидат информирани за своите права и обврски во општеството;
» информации коишто им се потребни на граѓаните за да можат да пристапуваат кон услугите што ги нудат јавните институции;
» информации коишто им се неопходни на граѓаните за да можат да учествуваат во процесот на донесувањето одлуки и
» информации коишто им се потребни на граѓаните за да бараат одговорност од властите. И институциите коишто објавуваат информации врз проактивна основа остваруваат корист по неколку основи:
» активната транспарентност им помага на институциите да бидат поодговорни во трошењето на јавните пари;
» на тој начин институциите ги промовираат принципите на добро владеење и интегритет и » институциите се поефикасни бидејќи подобро управуваат со информациите со коишто располагаат.
http://www.aktivnatransparentnost.mk/opshtini.html?opstina=debrca