Background

Актерот заканувачки и агресивно се однесувал кон својот цимер

Холивудскиот актер Мики Рурк (72) мораше да го напушти реалното шоу „Големиот брат“ откако упорно го повторувал неговото „неприфатливо однесување и употреба на несоодветен јазик“, објави ИТВ.

Би-би-си објави дека познатиот актер користел јазик и однесување кое се сметало за заканувачко и агресивно кон својот цимер Крис Хјуз, но дека немало физичка пресметка меѓу двајцата.

Пред само неколку дена, продуцентите на „Големиот брат“ го предупредија Рурк за „неприфатлива комуникација и однесување“ кон другата соучесничка во шоуто, ЏоЏо Сива. Сива го обвини актерот дека е „хомофоб“ затоа што ѝ рекол дека „наскоро ќе ја исфрли таа лезбијка од шоуто“, а имало и други непримерни коментари за нејзината сексуалност.

- Advertisement -
Ad image

Рурк претходно добил предупредување за несоодветни коментари кон ЏоЏо Сива. За време на разговорот, Рурк ја прашал Сива за нејзината сексуална ориентација. Кога му кажала дека е геј и дека е во врска со небинарна личност, Рурк рекол: „Ако останам подолго од четири дена, нема да бидеш повеќе геј“. Сива веднаш одговорил: „Можам да гарантирам дека сепак ќе бидам геј и дека сепак ќе бидам во многу среќна врска“.

„Мики Рурк се согласи да ја напушти Куќата на славните на Големиот брат вечерва, откако разговараше со Големиот брат за неговата континуирана употреба на несоодветен јазик и неприфатливо однесување“, изјави портпаролот на Големиот брат во вчерашната изјава за „Вариети“.

Портпаролот рече дека иако немало физичка пресметка, Рурк користел јазик што се сметал за „заканувачки и агресивен“.

Крис Хјуз (32), ѕвезда на британското реално шоу „Остров на љубовта“ (Love Island), се обидел да ја утеши Сива (21) во епизодата емитувана во средата по коментарите на Рурк.

– Мики Рурк се согласи да ја напушти куќата вечерва откако разговараше со Големиот брат за неговата повеќекратна употреба на несоодветен јазик и неприфатливо однесување – објави телевизијата.

Некогашната филмска ѕвезда номинирана за Оскар влезе во реалното шоу на ИТВ во понеделникот заедно со уште 12 познати личности.

По разговорот полн со навреди кон Сива, Големиот брат го покани актерот во посебна просторија каде што беше информиран дека неговата комуникација е навредлива и неприфатлива, поради што доби и официјално предупредување. Рурк се извини за своето однесување.

– Немам нечесни намери – само зборувам без врска, знаете. Не го сфатив сето тоа толку сериозно. Немав лоши намери, а ако имав, извинете – рекол тој.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation