Background

Актерот Мајкл Шин отплаќа долгови на 900 луѓе во вредност од 1 милион фунти

Холивудскиот актер Мајкл Шин отпиша долгови во вредност од 1 милион фунти, користејќи 100.000 фунти од својот џеб. Шин формираше компанија за наплата на долгови за да им помогне на 900 луѓе во јужен Велс, јавува Би-Би-Си.

Зафатот е документиран во новата емисија на Канал 4 наречена „Тајната донација од милион фунти на Мајкл Шин“, која ќе се емитува следната недела – пет месеци по затворањето на последната висока печка во Порт Талбот, означувајќи го крајот на традиционалното производство на челик во јужен Велс.

Целта на емисијата е да открие како одредени банки и финансиски компании остваруваат профити на сметка на најранливите сегменти од општеството.

- Advertisement -
Ad image

Шин изјавил дека нема 100.000 фунти „за губење“ и дека затоа сака проектот да биде што е можно поефикасен.

И покрај првичните сомнежи, средбата со една жена во кафуле во Порт Талбот, која му раскажала приказна за „расплаканите работници на челик“ кои останале без работа, го убедила да продолжи со проектот.

Иницијативата доаѓа два месеци откако Шин објави дека финансира нов театар за да ја надомести загубата предизвикана од затворањето на Националниот театар од Велс.

Уште во 2021 година, Шин се прогласи за „непрофитен“ актер, ветувајќи дека ќе го искористи целиот свој приход за добротворни цели.

56-годишникот, познат по улогите во Фрост/Никсон и Проклетите Јунајтед, дури ги продаде своите домови за да овозможи Светското првенство за бездомници во 2019 година да се одржи во Кардиф.

Појавувајќи се на „The One Show“ во вторникот, актерот објасни како функционира системот за откуп на долгови.

Долговите на луѓето се групирани во пакети, кои компаниите за наплата на долгови потоа можат да ги купат по пониска цена.

Иако долгот останува ист, компаниите кои го поседуваат можат да го продадат по сè пониски цени.

„Никогаш нема да знам кои се овие луѓе – сè уште не знам“
Шин успеа да основа компанија за наплата на долгови со 100.000 фунти од неговите сопствени пари и да купи долгови во вредност од 1 милион фунти бидејќи нивната пазарна вредност паднала.

Иако системот на почетокот му изгледал „чуден“ и „немал поим“ како функционира, тој одлучил дека тоа е „добра работа“.

Компанијата не беше основана под името на Шин и тој мораше да биде „ограничен“ од нејзиното работење.

Не го знаел идентитетот на луѓето чии долгови ги откупил – знаел само каде живеат и за каков долг се работи.

Шин додаде: „Никогаш нема да знам кои се овие луѓе – сè уште не знам“.

За време на снимањето на документарецот, процесот се покажа како многу покомплексен отколку што очекуваше.

Мислев дека ќе работам на ова само неколку недели или еден месец, а се претвори во две години, бидејќи моравме да правиме сè во тајност.

Шин призна дека во еден момент почувствувал дека не може да продолжи. Неговото мислење се променило за време на снимањето во кафуле во неговиот роден Порт Талбот, додека локалната челичарница се подготвувала да затвори.

„Една жена која работеше во кафулето каде што снимавме ми раскажа приказна за мажи кои седат на маси и плачат затоа што останале без работа. И тогаш навистина ме погоди – си помислив „Ќе сторам се што можам за да помогнам“, изјави актерот.

Едночасовниот документарец ќе се емитува на Канал 4 во понеделник, на 10 март, пет месеци по затворањето на последната висока печка во Порт Талбот, со што ќе се стави крај на традиционалното производство на челик во јужен Велс.

Некои можеби и не знаат дека долговите им се исплатени.
Како резултат на тоа, Тата Стил објави дека 2.800 работници ќе бидат отпуштени, што ќе донесе неизвесност и стрес кај многу семејства.

Досега Шин потврди дека им помогнал на 900 луѓе во Јужен Велс да се ослободат од долгови.

Тој додаде дека поради стигмата што се поврзува со зборувањето за финансии, некои луѓе можеби не ни знаат дека долговите им се исплатени и ги повика да си ги проверат сметките.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation