Актерката се откажа од тужбата кога тој побара медицински докази од неа

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Актерката Блејк Лајвли се откажа од тужбата против Џастин Балдони откако таа го обвини дека ѝ предизвикал емоционална вознемиреност на снимањето на филмот „Ова завршува со нас“ (It Ends With Us).

Актерката Блејк Лајвли со месеци привлекува внимание од јавноста поради обвинувањата што ги упати против својот колега Џастин Балдони, со кого глумеше во драмата „Ова завршува со нас“, меѓутоа, од самиот почеток, нејзината приказна имаше многу дупки и немаше никакви докази.

Многумина се на мислење дека тоа бил само нејзин начин да се „измие“ по скандалот поради начинот на кој го промовираше филмот. Да потсетиме, Блејк ја претстави драмата како нешто забавно, што треба да се гледа во „шарена облека со цвеќиња, со другарките“, додека всушност станува збор за мачна, тешка приказна со насилство и психолошка манипулација.

Да не зборуваме дека постојано го туркаше својот сопруг, актерот Рајан Рејнолдс во сценариото и го промовираше својот бренд во текот на промоцијата на самиот филм. Контроверзно беше и како одговори на прашањето на новинарот: „Што би им советувале на жртвите на насилство кои би ви пришле по овој филм“, на што таа рече: „Да не сакаат можеби да им го дадам и мојот телефонски број, адреса…“.

И наместо јавно да излезе и да се извини, таа го насочи целиот свој гнев кон Балдони, кој беше еден од продуцентите, упатувајќи низа обвинувања за емоционален стрес и наводно понижување што го претрпела на снимањето.

И светот ќе останеше на нејзина страна ако Балдони не излезеше јавно со цврсти докази во форма на видео и аудиоснимки и пораки што ја покажуваа другата страна на „монетата“.

На едно од последните рочишта, Балдони побара медицинска документација што ќе докаже дека Лајвли навистина поминала низ емоционален стрес, меѓутоа, потоа се случи шок – Блејк ја повлече тужбата! Всушност, Блејк повлече две тужби против Балдони.

Нејзиниот тим изјави за „Дејли мејл“: „Госпоѓа Лајвли продолжува да тврди дека претрпела емоционална болка како дел од други сериозни обвинувања, вклучувајќи сексуално вознемирување, одмазда и огромна парична штета по сите точки од тужбата“.

Иако Лајвли сега ги отфрли обвинувањата за емоционална болка, Балдони сè уште треба да се брани од другите свои тврдења – вклучувајќи сексуално вознемирување и организирана кампања за клевета против неа.

- Advertisement -
Ad image

Балдони истовремено поднесе контратужба од 400 милиони долари, тврдејќи дека Лајвли му го оштетила угледот и кариерата со лажни обвинувања.

Најновиот пресврт во оваа правна збрка доаѓа откако двете страни се судрија околу неговиот обид да ја повика Тејлор Свифт, поранешната најдобра пријателка на Лајвли, како сведок.

Тејлор Свифт накратко беше вмешана во правниот спор кога се појавија тврдења дека Блејк Лајвли ги користела неа и Рајан Рејнолдс за да изврши притисок врз Џастин Балдони за сценариото. Лајвли наводно се заканила дека ќе објави приватни пораки ако Свифт не застане на нејзина страна.

- Advertisement -
Ad image

Судот го отфрли судскиот повик на Свифт, но Лајвли сè уште е должна да сведочи, што сега се обидува да го избегне. Во меѓувреме, таа ја повлече тужбата за емоционална вознемиреност, додека нејзиното пријателство со Свифт е нарушено и под јавен надзор.

Во меѓувреме, искусната адвокатка Елин С. Гарофало, која претходно работеше со Тејлор Свифт, се придружи на правниот тим на Балдони, предизвикувајќи шпекулации дека пејачката можеби е лично вмешана.

Според „Дејли мејл“, таткото на Свифт наводно им доставил докази на адвокатите на Балдони, тврдејќи дека Блејк Лајвли се заканила дека ќе објави приватни пораки ако Тејлор не ја поддржи.

Спорот започна откако Лајвли го тужеше Балдони за сексуално вознемирување, а тој одговори со контратужба за клевета. Двете страни ги негираат обвиненијата, а судењето е закажано за март 2026 година.

Share This Article