Актерката Мишел Трахтенберг почина на 39-годишна возраст.
Мишел Трахтенберг на публиката ѝ беше најпозната по улогите во сериите „Бафи убиец на вампири“ (Buffy the Vampire Slayer) и „Озборувачка“ (Gossip Girl).
Според „Ај-би-си њез“, актерката била пронајдена мртва во средата, во нејзиниот стан во Њујорк. Ја пронашла нејзината мајка.
Трахтенберг неодамна имала трансплантација на црниот дроб, а полицијата соопшти дека се верува оти починала природна смрт и дека нема сомнителни околности.
Нејзината смрт не се истражува како сомнителна, велат изворите. Инаку, Трактенбер во последните месеци објавуваше серија загрижувачки фотографии на својот инстаграм-профил, каде има 800.000 следбеници.
На фотографиите таа изгледаше изнемоштено и кревко, што ги натера некои обожаватели да ја коментираат нејзината здравствена состојба и нагло слабеење.
Мишел е родена на 11 октомври 1985 година во Њујорк, а во светот на актерството зачекорила на само девет години.
Публиката најмногу ја памети по улогите на Џорџина Спаркс во „Gossip Girl“ и Доун Самерс во „Buffy the Vampire Slayer“. Покрај тоа, глумеше во филмовите и сериите „EuroTrip“, „Ice Princess“, „17 Again“, „Law & Order“, „All My Children“, „CSI: NY“ и многу други.