Актерката Камерон Дијаз присуствуваше на промоцијата на филмот „Back in Action“ во кој ја игра главната женска улога. Покрај неа, во филмот игра и Џејми Фокс.
Може да се каже дека за свечената пригода облекла чиста елеганција.
Како што пишува „Дејли мејл“, Камерон се вратилa на големото платно по 10-годишна пауза и тоа во голем стил.
Таа за големиот настан облече струкирано одело, а изгледот го комплетираше со брановидна фризура, минимална шминка и со нејзиниот заштитен знак – блескавата насмевка.
Ниту еден стајлинг не може без соодветни додатоци, а овој не е исклучок. Холивудската убавица паметно ги одбрала своите аксесоари, а својот златен часовник и ланче одлично го усогласила со останатиот аутфит.
Треба да се напомене дека дел од големата промоција беше и актерот Џејми Фокс. Тој исто така глуми во споменатиот филм, заедно со Камерон Дијаз.