АХВ по спроведен вонреден инспекциски надзор, наредија нештетно уништување на 1980 килограми небезбедно замрзнато пилешко месо по потекло од Полска кое било транспортирано во возило кое го запленило МВР од непознат сторител

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Официјални ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), вчера, по спроведен вонреден инспекциски надзор, наредија нештетно уништување на 1980 килограми небезбедно замрзнато пилешко месо по потекло од Полска кое било транспортирано во возило кое го запленило Министерството за внатрешни работи од непознат сторител, информираше Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

Месото било спакувано во 180 пакети по 11 килограми и во моментот на контрола било во фаза на отопување.

„Во запленетото возило, небезбедното месо се транспортирало во несоодветни услови, односно без потребен температурен режим за замрзнато месо (минус 18 степени Целзиусови) и без никаква документација за потеклото –  ветеринарно здравствен сертификат, комерцијален документ и други потребни документи за гарантирање на безбедноста на производот“,

Како што веќе објавивме, во близина на селото Танушевци, скопско, при преземање мерки и активности, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Танушевци пресретнале возило комби со косовски национални ознаки, кое се движело кон границата со Kосово, а кое било полно со прехранбени производи без документација, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Откако ги забележале полициските службеници, две лица го оставиле комбето и побегнале кон границата со Косово. Додека, при преглед во возилото биле пронајдени 180 пакети со по 11 килограми прехранбени производи, кои биле без соодветна документација. Возилото со производите било одземено и предадено за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и за целосно расчистување на случајот“, наведено е во соопштението.

Share This Article