Background

Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот престанува да постои како самостојна институција и ќе биде во состав на Министерството за култура и туризам, што е официјализирано со измените на Законот за туристичката дејност што вчера беа усвоени во Собранието

Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот престанува да постои како самостојна институција и ќе биде во состав на Министерството за култура и туризам, што е официјализирано со измените на Законот за туристичката дејност што вчера беа усвоени во Собранието.

Триесетина вработени во Агенцијата ќе бидат префрлени во секторот за туризам на Министерството кој ќе има и нови простории за што нема да се плаќа кирија како досега.

– Сите постапки и сите вработени ќе преминат на една адреса, а тоа е Министерството за култура и туризам. Се надевам дека после осумте дена по објавувањето во Службен весник, ќе пристапиме кон преземање на вработените, на имотот, сѐ она што поседува Агенцијата за поддршка на туризмот. Сите адреси ќе бидат упатени само кон една институција и повеќе нема да се плаќа кирија, којашто ја плаќаше Агенцијата во ГТЦ. Обезбедивме нови просторни услови, тоа се првите два ката во зградата што сега ја користи Министерството за енергетика. Така што и тука ќе се намалат трошоците, ќе добиеме многу посоодветни услови, поцентрално место, повидливо и, конечно, сега продолжуваме комплетно како Министерство за култура и туризам – изјави министерот за култура Зоран Љутков.

Обезбедени околу 10 милиони евра

- Advertisement -
Ad image

Претходно била направена измена во систематизацијата во Министерството.

– Со ребаланс на буџетот веќе го имаме обезбедено и буџетот од Агенцијата за поддршка на туризмот, така што сме веќе комплетирани – додаде министерот.

Со ребалансот на буџетот наменет за Агенцијата за поддршка на туризмот, во Министерството за култура и туризам дополнително се обезбедуваат 605 милиони денари или околу 10 милиони евра. Тие се распределени во неколку ставки и ќе бидат искористени за поддршка и промоција на културата и туризмот: за активности на Плаошник, Скопското кале, за Агенцијата за филм итн.

Ќе се решава и болката на туристичките водичи

Министерот соопшти дека е формирана работна група за унапредување на дејноста на туристичките водичи на состанок што го имале со нив и со здруженијата од земјава.

– Донесовме неколку заклучоци, за големите болки што ги имаат туристичките водичи, а и ние како држава – искривувањето на вистината на нелегалните туристички водичи коишто доаѓаат и од други земји, но и од нашава земја, и кои прават голема штета на Македонија. Во наредниов период ќе треба да ги спроведеме заклучоците и да се заштитиме од таквите влијанија понатаму – рече Љутков.

Паралелно со подготовка на нова стратегија за културата, по истекот на претходната во 2022, Министерството подготвува и Стратегија за туризмот за периодот 2027-2032.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation