Background

Агенцијата за медиуми со остра осуда за националистичката провокација со „Голема Албанија“ на МРТ2

Вонреден надзор на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги утврдил дека Македонската радио-телевизија, односно Вториот програмски сервис МРТ2, го прекршил член 48 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, откако во својата програма емитувал содржина што поттикнува етничка нетрпеливост. Надзорот бил спроведен по службена должност и се однесувал на емитување од 28 март, во рамки на музичката програма „Билбилите на Кораб“.

„Надзорот покажа дека спротивно на член 48 став 2 од ЗААВМУ, емитуваната содржина на МРТ2, во рамки на музичката програма „Фестивал на детска песна – Билбилите на Кораб“, поттикнува и шири нетрпеливост врз основа на национална и етничка припадност преку иредентистички симболи и експлицитни политички пораки за промовирање на моноетнички, иредентистички „аманет“ за обединување на територии“ – се вели во заклучокот на Извештајот на ААВМУ.

Предмет на анализата била изведбата на песната „Албански територии (Trojet Shqiptare)“, дел од детски фестивал снимен во 2023 година, а емитуван три години подоцна. Регулаторот оценил дека токму овој временски јаз дополнително ја засилува одговорноста на јавниот сервис, бидејќи уредничкиот тим имал доволно време да ја прегледа и евентуално да ја отстрани спорната содржина пред да ја пласира пред јавноста.

- Advertisement -
Ad image

Во извештајот се наведува дека прекршувањето се однесува на законската забрана за емитување содржини што поттикнуваат дискриминација, омраза или нетрпеливост врз етничка и национална основа. Оценката е дека прикажаната програма не останала во рамките на уметнички израз, туку содржела јасни политички пораки со иредентистички карактер.

Карта на „Голема Албанија“ и територијални претензии

Клучен дел од наодите се однесува на визуелните елементи на настапот. Детето кое ја изведувало песната било облечено во маица со карта на т.н. „Голема Албанија“, а на сцената биле користени и симболи како двоглавиот орел. Според регулаторот, ваквите симболи, иако можат да имаат историски или културен контекст, во конкретниот случај биле употребени за промоција на идеја за територијално обединување.

Дополнителна тежина, според извештајот, носи и самиот текст на песната, кој содржел пораки за обединување на територии од повеќе држави во регионот, вклучително и делови од Северна Македонија. Овие пораки биле оценети како експлицитни и како директно поврзани со концепт што може да предизвика меѓуетнички тензии.

Регулаторот нагласува дека контекстот во кој е емитувана содржината е исклучително чувствителен, имајќи ги предвид регионалните прашања поврзани со идентитетот и територијалниот интегритет. Фактот што програмата била емитувана на јавен сервис со национална покриеност дополнително го зголемува нејзиното влијание врз јавноста.

Уредничкиот тим да биде земен на одговорност

Посебно е истакната одговорноста на уредничкиот тим на МРТ2, кој има крајна контрола врз програмата што се емитува. Во извештајот се вели дека пропустот не може да се смета за случаен, туку укажува на системски недостатоци во уредничката политика и во механизмите за контрола на содржината.

Анализата опфаќа и прашањето за намерата, при што се наведува дека таа може да биде директна или да произлегува од професионална небрежност. Во секој случај, емитувањето на ваква содржина се толкува како давање легитимитет на идеи што се спротивни на принципите на соживот и мултиетничка кохезија.

Во извештајот се оценува и потенцијалното влијание врз публиката, особено врз малолетниците. Се предупредува дека ваквите пораки можат да предизвикаат страв, револт или дополнително радикализирање, а користењето деца за нивно пренесување се квалификува како сериозна злоупотреба.

Говорот на омраза не е слобода на говор

Агенцијата се повикува и на праксата на Европскиот суд за човекови права, нагласувајќи дека слободата на изразување не е апсолутна и може да биде ограничена кога станува збор за говор што поттикнува омраза или ја загрозува јавната безбедност. Во конкретниот случај, се оценува дека се исполнети сите услови за такво ограничување.

Прекршен е законот за медиумиски услуги 

Заклучокот на регулаторот е дека МРТ2 со емитувањето на спорната содржина го прекршил член 48 од Законот, бидејќи поттикнал и ширел нетрпеливост врз етничка основа. Како мерка се предлага јавна опомена и обврска медиумот да го усогласи своето работење со законските одредби, по што ќе следи и контролен надзор.

Што се пее во пасната за орелот?

Во извештајот на АААВМУ се цитира и превод на песната која ја изведува 13-годишното девојче во спорната емисија:

Летај ти орел, летај, и над нашето знаме застани,
над Албанија, Косово, Улцињ и Тетово гордо исправи се ти.
Ќе дојде ден кога сите ќе бидеме заедно,
зашто нè врзува еден народ, еден јазик, една крв.
Земјата и небото ќе се обојат црвено и црно,
а ние ќе славиме во слобода.
Оваа слобода што денес ја уживаме,
нашите херои не смееме да ги заборавиме.
Тие ни оставија аманет
нашите земји да ги обединиме.
Ќе дојде ден кога сите ќе бидеме заедно,
зашто нè врзува еден народ, еден јазик, една крв.
Земјата и небото ќе се обојат црвено и црно,
а ние ќе славиме во слобода.

Целиот извештај на ААВМУ може да го прочитате на следниот ЛИНК.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation