Аеродромот во Вилнус бил блокиран со часови поради мистериозни балони натоварени со цигари кои ноќеска влегле од Белорусија во литванскиот воздушен простор

Lorita
By Lorita
1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Аеродромот во Вилнус бил блокиран со часови поради мистериозни балони натоварени со цигари кои ноќеска влегле од Белорусија во литванскиот воздушен простор. Националниот центар за управување со кризи соопшти дека летовите се запрени, а една личност е уапсена.

Според литванската телевизија „ЛРТ“, околу 30 летови биле погодени од блокадата. Досега се пронајдени најмалку пет цилиндрични балони и околу 7.000 пакувања шверцувани цигари. Потрагата по останатите продолжува.

Притоа, властите укажале дека првичните наоди потврдуваат влегување на десетици вакви летечки шверцери од територијата на Белорусија.

На социјалните мрежи се споделува објавата од познатиот сајт за следење летвои Флајтрадар24, на кој може да се види како авионите во Литванија ги менуваат своите рути поради инцидентот со балоните.

Министерот за внатрешни работи на Литванија Владислав Кондратович изјави дека овие појави се дел од организиран криминал и дека владата ќе преземе координирани мерки со соседните земји за спречување на вакви инциденти.

Сличен случај имаше и на почетокот на октомври, кога повеќе од 20 балони натоварени со цигари го блокираа небото над Литванија. Властите тогаш најавија зголемено следење на воздушниот простор и повисоки казни за шверц преку дронови и балони.

Share This Article