Background

Адвокатот Манев тврди дека Видевски дома славел Свети Архангел вечерта пред убиството на Панче

Снимките од дворот на обвинетиот Велибор Манев од деновите пред и по убиствата на Панче Жежовски и на Вања Ѓорчевска не се од тој период, тврди Бојан Манев, адвокатот на обвинетиот Боре Видевски. Според бранителот Манев, Боре Видевски вечерта пред убиството на Жежовски бил дома на сопствената слава Свети Архангел Михаил.

Според адвокатот, снимката на која се гледаат четворицата обвинети, Љупчо Палевски, Влатко Кешишев, Боре Видевски и Велибор Манев пред куќата на Манев во Велес, не е од вечерта пред убиството на Жежовски, туку од некој друг ден.

– Во врска со снимките кои се снимени од камерите поставени на куќата на обвинетиот Манев, ќе кажам само една работа. Според мојот клиент, а ќе го видите тоа и во неговиот исказ, тоа не се снимки од тој ден. Вечерта пред убиството на Панче Жежовски е Свети Арангел и тој е дома, каде присуствува на негова лична слава. Тие снимки не се од тој ден, а тоа ќе го видите и од исказите на другите обвинети. Не верувам дека некој кој планирал убиство сам би се снимал. Тоа е надвор од умот – рече адвокатот Манев, одговарајќи на новинарско прашање што правел неговиот клиент Видевски во дворот на Велибор Манев вечерта пред убиството на Панче Жежовски.

- Advertisement -
Ad image

Авокатот Манев денеска предложи како доказ да се изведе аудио снимка на која според него, е прикажана тортура при апсењето на Видевски, а која ја сними денешниот сведок на одбраната, Зоран Петковски од Куманово. Судот ја одби таа снимка, со образложение дека тортура се докажува со медицински наод, а самата снимка е незаконски снимена.

– Денешното сведочење беше доста добро. Сведокот даде детален исказ за тоа како е прибавено признанието на мојот клиент. Снимката што ја понудив како доказ беше доставена од наша страна уште во октомври. Беше дадена на основа на исказот на сведокот, инспекторот Дејан Димовски, кој сведочеше претходниот ден. Со неприфаќањето на снимката како доказ, Судот го прекрши Законот за кривична постапка, затоа што јас како бранител на обвинет имам право на основа на исказ на сведок да обезбедам соодветна одбрана. И по денешниот даден исказ од сведокот, ако сакаме да водиме целисходна постапка, треба да биде повикан да сведочи и другиот инспектор, којшто, исто така, присуствувал на изнудувањето на признанието од Боре Видевски, бидејќи истиот е дел од таа постапка и треба да биде предмет на нов процес – рече адвокатот Манев.

На прашање зошто тој не го повика инспекторот да сведочи, адвокатот одговори:

– Тоа е работа на Обвинителството. Јас како одбрана, бидејќи сега се дознава за таа работа, ќе го предложам. А дали ќе биде прифатен од Судот, ќе видиме – рече адвокатот.

Денешниот сведок Петковски рече дека во разговор во полициска станица „Пролет“ инспекторот Драган Зарински му покажал дупка во ѕидот и му рекол дека таа дупка е од Боре.

Адвокатот Манев рече дека Боре Видевски имал бројни повреди од тортурата што му ја извршила полицијата.

– Медицинската документација за повредите на Боре Видевски е приложена. Имам приложено најмалку 10 ургенции во предметот со целосна медицинска документација и најмалку 5 ургенции од кои се гледа дека состојбата на неговиот бубрег е последица на тепањето при изнудувањето на признание. Тоа Судот го има. Тој имаше многу повреди, меѓу кои и од фрактури на главата – рече Манев.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation