Адријана Лима на својот профил на Инстаграм откри дека станала жртва на измама, предупредувајќи ги сите да не наседнуваат на тоа

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Светскиот топмодел Адријана Лима на својот профил на Инстаграм откри дека станала жртва на измама, предупредувајќи ги сите да не наседнуваат на тоа.

Според нејзината објава, некој се претставува како неа на социјалната мрежа ТикТок и бара од луѓето пари.

 

Во објава на Инстаграм, Лима објасни дека измамник го користи нејзиното име за да измами обожаватели, нудејќи им подароци, а потоа барајќи пари, податоци за кредитни картички и домашни адреси.

„Ве молам, бидете внимателни и не споделувајте лични или финансиски информации. Јас не контактирам со обожавателите за да им нудам подароци или да барам исплати“, напиша Лима.

На крајот, таа додаде дека секој што ќе наиде на гореспоменатиот профил веднаш да ја пријави измамата.

 

Share This Article