ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР :ОГЛАС бр. 7/2025 ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПРИЈАВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ПРОСТОР И ПРОДАЖЕН ПУНКТ-ТИПИЗИРАНА КУЌАРКА И СТАНИЦИ ЗА ПОДВИЖНА УРБАНА ОПРЕМА

Saso
By Saso 22 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Врз основа на Годишната програма за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2025 год. бр. 08 – 15415/55 од 25.12.2024 год., Одлуката за поставување на урбана опрема и времени објекти и за утврдување на висината на надоместокот (закупнина) во општина Охрид бр. 08 – 15415/56 од 25.12.2024 година, Извод бр.19-7190/2 од 09.05.2025г. и Извод бр.19-7190/3 од 09.05.2025г. од Општина Охрид, и Одлука од Управен одбор на ЈП Градски пазар бр.02-257/3 од 29.05.2025 год. Директорот на ЈП Градски Пазар Охрид објавува:

 

ОГЛАС бр. 7/2025

ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПРИЈАВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ПРОСТОР И ПРОДАЖЕН ПУНКТ-ТИПИЗИРАНА КУЌАРКА И СТАНИЦИ ЗА ПОДВИЖНА УРБАНА ОПРЕМА

 

ЈП Градски Пазар Охрид издава простор – локација и урбана опрема за комерцијално користење, сместен во соодветен продажен пункт и станици за подвижна урбана опрема. Просторот и урбаната опрема се издава за следната намена:

 

 

  1. Простор и урбана oпpeмa – продажен пункт со намена продажба на храна и сувенири и станици за подвижна урбана опрема со намена продажба на храна.

 

- Advertisement -
Ad image

Локација: Кеј Македонија

 

Графички прикази со нумерички ознаки на урбана опрема  дадени во шематските прикази во прилог, составен дел на овој оглас. Во графичките прикази е опишана дејноста на секоја локација поединечно.

- Advertisement -
Ad image

Просторот и урбаната опрема ќе се издава за времетраење од 15.06.2025 до 15.09.2025 година.

 

 

  1. Почетна цена за издавање на просторот за поставување на урбана опрема во соодветни продажни пунктови наменет за продажба на храна и сувенири и станици за подвижна урбана опрема со намена продажба на храна:

 

  Број на продажни пунктови предмет на огласување Почетна цена/денари

(за период од 30дена)

Износ на депозит

(20% од тромесечната почетна цена/ денари)

1.За користење на простор  од 2,2 м2

 

5 9.780,00 5.868,оо
2.За користење на простор  од 4 м2

 

14 16.000 9.600,оо

 

 

  Број на станици за подвижна урбана опрема Почетна цена по м2 /денари

(за период од 30дена)

Износ на депозит

(10% од  тромесечната почетна цена/ денари)

1.За користење на простор за поставување станици за подвижна урбана опрема

 

2 5.000,оо 1.500,оо

 

Во почетната цена за користење на простор поставување на  урбана опрема во соодветни продажни пунктови наменет за продажба на храна и сувенири  од 2,2 м2, 5000 денари се согласно горенаведената Одлука на Совет, а останатите 4.780,оо се согласно извештајот за извршена процена бр. 03-235/2 од 02.06.2025 на продажниот пункт.

Во почетната цена за користење на простор поставување на  урбана опрема во соодветни продажни пунктови наменети за продажба на храна и сувенири од 4 м2, 8000 денари се согласно горенаведената Одлука на Совет, а останатите 8.000,оо денари се согласно извештајот за извршена процена бр.03-235/2 од 02.06.2025 на продажниот пункт.

Во почетната цена за  користење станици за подвижна урбана опрема со намена продажба на храна од 1 м2, 5000 денари се согласно горенаведената Одлука на Совет Одлуката за поставување на урбана опрема и времени објекти и за утврдување на висината на надоместокот (закупнина) во општина Охрид бр. 08 – 15415/56 од 25.12.2024 година.

 

 

2.1 Почетните цени за издавање на просторот за поставување на урбана опрема во соодветни продажни пунктови наменет за продажба на храна и сувенири и станици за подвижна урбана опрема со намена продажба на храна се однесуваат за период од 30 дена.

 

2.2 Во почетната цена за издавање на просторот за поставување на урбана опрема и станици за подвижна урбана опрема со намена продажба на храна, не се содржани трошоците за комунална такса, одржување на хигиена, приклучок и трошок за електрична енергија. Избраните понудувачи имаат обврска:

 

  • Целиот износ од договорениот надомест за закуп, да го платат во рок од 3 работни дена сметано од денот на склучување на договорот за закуп. Во спротивно договорот ќе биде ништовен и право на закуп на просторот за поставување на урбана опрема и станици за подвижна урбана опрема со намена продажба на храна ќе има наредно рангираниот учесник на јавниот повик;
  • Редовно да го одржуваат закупениот простор за поставување на урбаната опрема и станици за подвижна урбана опрема со намена продажба на храна, по завршувањето на договорот за закуп истиот да го предадат на закуподавачот во состојба каква што го презеле;
  • Да овозможат непречен увид на закупениот простор за поставување на урбаната опрема и станици за подвижна урбана опрема со намена продажба на храна од страна на закуподавачот во секое време, со или без претходна најава за истото;
  • да обезбедат времено броило (приклучок) за струја. Потрошувачката на потрошена електрична енергија паѓа на товар на закупецот;
  • редовно да го сервисираат паушалот за надомест на вода, кон ЈП Водовод Охрид;
  • редовно да ги сервисираат комуналните услуги, како и трошоците за отпадни води, кон ЈП Охридски Комуналец Охрид и ЈП Нискоградба и
  • да ги почитуваат сите обврски кои ги превзеле со договорот за закуп, во спротивно на кое ќе следи еднострано раскинување на договорот.

 

2.3 Трошоците за хигиена, приклучок и трошок за користење на електрична енергија паѓаат на товар на избраниот понудувач.

 

2.4  Избраните понудувачи се должни да ја сервисираат обврската кон општината по основ комунална такса (за користење на плоштади и др.простор во градовите и другите нaселени мeста со цел на изложување на предмети, приредување на изложби и други забави и други приредби и завршени дејности) која се пресметува за м2 дневно.

 

  • Договорите со најповолните понудувачи за точка 1 ќe се склучуваат за дадениот период.
  • Избраниот понудувач во целост треба да ги почитува законските прописи предвидени за ваков вид на работа и донесените Одлуки од страна на Советот на оштина Охрид.

–   во целост да го почитува утврденото работно време;

–   да ги почитува прописите утврдени за ваков вид на работа;

– понудувачот кој има статус на физичко лице, по склучување на договорот задолжително да побара од УЈП решение за паушално оданочување со данок на доход.

 

Согласно законската регулатива, физичките лица паушално оданочени задолжително, самостојно ја обавуваат дејност.

  • избраните понудувачи немаат право да вршат поставување на дополнителна опрема надвор од објектот.

 

  1. 3. Доставување на пријави

 

3.1 Право на учество на јавниот повик за изнајмување на простор за поставување на урбана опрема за продажба на храна и сувенири и станици за подвижна урбана опрема со намена продажба на храна има секое:

  • Правно лице кое има регистрирано деловно седиште во општина Охрид и кое не е во постапка за стечај или ликвидација. (Решение од ЦР на РСМ не постаро од 6 месеци)
  • Физичко лице кое е жител на општина Охрид
  • Секое физичко и правно лице има право да аплицира на јавниот оглас само за една од локациите предвидени во Програмата за поставување урбана опрема во општина Охрид за тековната година.
  • На избраниот најповолен понудувач му се забранува изнајмување или пренесување на правото на користење на просторот за поставување на урбаната опрема на трети лица.
  • Уплатата на депозитот да биде извршена од трансакциската сметка на подносителот на пријавата (ПП30 се однесува само за физички лица) и
  • Уплатата на депозитот да биде извршена од жиро сметката на правниот субјект, подносител на пријавата(се однесува само за правни лица)

 

Право на учество на јавниот повик немаат:

  • Физички и правни лица кои имаат неподмирени обврски кон општина Охрид и кон ЈП Градски Пазар Охрид.

 

  • Понудувачот треба да достави:

 

3.2.1 Пријава на унифициран образец; (Унифициранот образец може да се подигне во просториите на ЈП Градски Пазар Охрид или на веб страната на ЈП Градски Пазар Охрид https://jpgradskipazarohrid.mk/;

 

  • 2.2 Документацијата наведена во точка 3, потточка 3.1 на овој јавен оглас:

 

                     А) За правни субјекти

 

  • Потврда за регистрирана дејност (издадена од Централен регистар на PCM или соодветен документ-доказ дека припаѓа на соодветно здружение – не постара од 6 месеци),
  • Фотокопија од специјално полномошно за претставници на правните лица, издадено од правното лице.

 

            Б)  За физички лица

 

  • Фотокопија од лична карта

 

 

 

3.2.3 Уплатница на име депозит (истиот е  утврден во табеларниот приказ на точка 2 ) на овој јавен оглас и треба да биде изразен во денари и се уплаќа на следната сметка:

 

Депозитот утврден во претходната точка треба да биде изразен  во денари и се уплаќа на следната сметка:

 

                                   210-066616880194 депонент на НЛБ Тутунска Банка АД Скопје

 

 

Уплатениот депозит на учесниците кои нема да бидат избрани за одредена урбана опрема ќе биде вратен најдоцна во рок од 90 дена, сметано од денот на завршување на постапката по огласот, додека за учесниците кои ќе бидат избрани и ќе добијат простор и урбана опрема на јавното наддавање, износот на уплатениот депозит ќe биде одбиен од вкупната цена на склучениот договор.

 

Уплатениот депозит не е повратен за оние учесници кои се избрани за најповолни понудувачи, а кои после јавното наддавање се понудени да склучат договор од страна на закуподавачот и истите се откажале од потпишување на договор за изнајмување урбана опрема-типизирана куќарка и станици за подвижна урбана опрема со намена продажба на храна. Во ваков случај депозитот трајно го задржува ЈП Градски Пазар Охрид и учесниците немаат право да бараат поврат на истиот.

 

Секоја поединечна локација означена во графичкиот прилог претставува посебен предмет на јавно наддавање. За секоја локација се склучува договор и се издава одобрение за користење на простор за поставување урбана опрема на продажен пункт .

 

 

  1. Временски период за кој се издава просторот и почетна цена на јавно наддавање

 

Просторот за поставување на урбаната опрема ќе се издава за времетраење од  15.06.2025 до 15.09.2025 година.

 

ЈП Градски пазар го задржува правото за предвремено еднострано раскинување на договорот за закуп на простор за поставување на урбана опрема и станици за подвижна урбана опрема со намена продажба на храна, заради потребите на јавното претпријатие.

Предмет на јавното наддавање е месечна почетна цена, односно за период од 30 дена (истата е наведена во табеларниот приказ на овој јавен оглас)

 

  1. Начин на отворање и разгледување на пријави

 

Отворањето и разгледувањето на пријавите ќе се врши од страна на комисија формирана со решение од страна на директорот на ЈП Градски Пазар во просторија на закуподавачот без присуство на подносителите на пријавите. За констатираната состојба, комисијата има обврска да изготви записник.

 

6.ЕЛЕКТРОНСКО НАДДАВАЊЕ:

 

На јавното електронско наддавање – лицитацијата може да учествуваат само понудувачите кои ги исполнуваат условите утврдени во јавниот оглас.

Електронското Јавното наддавање ке се одржи по евалуација на доставените понуди.

 

Јавното надавање ќe се одржи електронски за што учесниците дополнително ќе бидат известени. Напатствија, инструкции и лозинка во писмена форма ке добијат сите учесници кои ги исполниле условите на најмалку 3 (три) дена пред јавното наддавање

За денот и часот на јавното наддавање учесниците ќe бидат известени на контакт адресата на понудувачот и web страната на ЈП Градски Пазар Охрид.

За избран ќе се смета понудувачот кој понудил највисока цена за користење на простор и урбана опрема под услов да ги исполнил условите предвидени во точка 3.2.

Јавното електронско наддавање ќе се одржи во рок од 5 ( пет ) дена од отворање на понудите.

 

  1. ПОСТАПКА ПО ЗАВРШУВАЊЕ НА ЕЛЕКТРОНСКО НАДДАВАЊЕ:

 

По завршувањето на постапката, Комисијата доставува предлог до раководното лице на ЈП Градски Пазар, за избор на најповолен понудувач со предлог за склучување на Договор за закуп за период од 15.06.2025-15.09.2025 година.

Раководното лице на ЈП Градски Пазар донесува решение за избор на најповолен понудувач и склучува договор во кој покрај начинот на плаќање на постигнатата цена, посебно се утврдуваат правата и обврските на договорните страни.

Доколку најповолниот понудувач се откаже од склучувањето на договорот ќе му се реализира гарантниот депозит.

Договорот ќе се склучи во рок од три работни дена од денот на приемот на Известувањето  за избор на најповолен понудувач.

 

По склучувањето на Договорот, веднаш а најдоцна во рок од 3 дена, понудувачот е должен во целост да ги подмири сите трошоци кои произлегуваат од постапката, вклучувајќи ја и комуналната такса.

 

По склучување на договорот и подмирувањето на обврските кои се услов за склучување на истиот, (уплатата на комуналната такса и подмирување на обврската која произлегува од задолжението, како и склучување на договор за јавна чистота со JП “Охридски Комуналец) избраниот понудувач е должен да се придржува до одредбите на склучениот договор.

 

Доколку понудувачот кој понудил највисока цена на јавното наддавање, не склучи договор во цитираниот рок, договорниот орган го задржува правото  да склучи договор со следниот рангиран понудувач.

 

Доколку понудувачот кој доставил најповолна понуда на јавното наддавање, од било која причина се откаже од потпишување договор, во тој случај Јавното претпријатие неповратно го задржува уплатениот депозит на ваквиот учесник.

Доколку има потреба или во случај на евентуална попреченост од било кои причини , Општина Охрид и Јавното претпријатие Градски пазар Охрид го задржуваат правото да извршат промена на една или повеќе локации, а закупците како корисници на услугите во ваков случај се обврзуваат да ги прифатат новонастанатите промени на локациите.

Доколку корисникот на услугата не ја прифати таквата промената состојба и промена на локацијата, тоа претставува основ за двострано раскинување на договорот, во рок од 8 дена без можност за надомест на штета ниту било какви други меѓусебни парични или непарични побарувања кои би произлегле од предвременото раскинување на договорот, освен исплатата на целокупниот долг по основ на закупнина по договор.

Во случај на раскинување на договорот поради горенаведените причини, закупецот е должен на Закуподавецот да му го исплати целокупниот долг по основ на закупнина по договорот и освен исплатата на долгот на име закупнина, договорните страни немаат право меѓусебно да истакнуваат никакви други надоместоци и останати парични побарувања.

 

8..НАЧИН НА ДОСТАВА НА ПРИЈАВАТА:

 

Пријавата да биде доставена во затворен коверт, на кој во левиот горен агол ќе стои „не отворај” и бројот на огласот 7/2025.

Пријавата се доставува лично во архивата на ЈП Градски Пазар или со препорачана пошта на следнава адреса: Бул.Туристичка бр.79; 6000 Охрид.  Доколку пријавата се доставува по пошта, истата треба да пристигне во архивата на општина Охрид, најкасно до денот и часот на отворање на понудите 09.06.2025 година до 12:00 часот.

 

Пример за адресирање на плик за достава:

‘’НЕ ОТВОРАЈ’’

‘Да не се отвора пред 09.06.2025 година, пред 12:00 часот’’

Оглас бр. 7/2025

ЈП Градски Пазар

Оглас бр. 7/2025

Комисија за спроведување на оглас за прибирање пријави за користење на простор за поставување на урбана опрема

Бул.Туристичка бр.79

6000 Охрид

 

Некомплетната пријава нема да биде предмет на разгледување од Комисијата.
Рок на доставување на понудата е од денот на објавувањето на огласот па се до 09.06.2025 година (понеделник) до 12:00 часот.

 

ЈП Градски Пазар нема никаква одговорност за ненавремена достава на пријавата.

 

Графичките прикази со нумерички ознаки на урбаната опрема како и намената на локациите, заинтересираните субјекти можат да ги превземат од web страната на ЈП Градски Пазар  Охрид, https://jpgradskipazarohrid.mk/ или секој работен ден од 07.00-15.00 часот во просториите на ЈП Градски Пазар Охрид.

 

 

                                                                                                  ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР ОХРИД

                                                                                                           Директор,

                                                                                                    Александар Попоски

 

 

 

Локации означени со броевите од 1-14  се со намена продажба на храна, и локации 14 и 15 со намена станици за подвижна урбана опрема за продажба на храна

 

 

Локации означени со броевите од 16-20 се со намена продажба на сувенири

 

 

 

 

 

Образец на пријава

Поставување урбана опрема за продажба на храна и сувенири

 

ВРЗ ОСНОВА НА ОБЈАВЕНИОТ ОГЛАС БР. 7/2025 ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПРИЈАВИ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА  ВРЕМЕНО КОРИСТЕЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА ДОСТАВУВАМ

ПРИЈАВА

 

  1. ОПШТ ДЕЛ

Име на понудувачот:                                                                                                    

(назив на правно лице според тековна состојба или име,татково име и презиме за физичко лице)

Контакт информации

Седиште/адреса:                                                             

Телефон:                                                                     

моб.телефон:                                                            

факс:                                                                              

Е-пошта(задолжително):                                                                              

Лице за контакт:                                                                                                                                  

Одговорно лице (управител) :                                                                                                          

Даночен број :                                                                                      ЕМБС                                                    

ЕМБГ:                                                                                  (за физичко лице)

Во прилог на пријавата доставувам:

  1. За правни субјекти
    • Потврда за регистрирана дејност издадена од Централен регистар на РСМ или соодветен документ-доказ дека припаѓа на соодветно здружение – (не постари од 6 месеци)
    • Фотокопија од лична карта од управителот
  2. За физички лица
    • Фотокопија од лична карта
  3. Уплатница за платен депозит за учество на јавно наддавање за оглас  7/2025
  4. Локација бр. __________

 

 

 

Датум                                                                                              Подносител на пријавата

 

_______________________                                                   _________________________________

 

 

Образец на пријава

Пријави за користење на простор за поставување на станици за подвижна урбана опрема

 

ВРЗ ОСНОВА НА ОБЈАВЕНИОТ ОГЛАС БР. 7/2025 ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПРИЈАВИ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА  ВРЕМЕНО КОРИСТЕЊЕ НА ПРОСТОР ЗА ПОСТАВУВАЊЕ СТАНИЦИ ЗА ПОДВИЖНА УРБАНА ОПРЕМА ДОСТАВУВАМ

ПРИЈАВА

 

  1. ОПШТ ДЕЛ

Име на понудувачот:                                                                                                    

(назив на правно лице според тековна состојба или име,татково име и презиме за физичко лице)

Контакт информации

Седиште/адреса:                                                             

Телефон:                                                                     

моб.телефон:                                                            

факс:                                                                              

Е-пошта(задолжително):                                                                              

Лице за контакт:                                                                                                                                  

Одговорно лице (управител) :                                                                                                          

Даночен број :                                                                                      ЕМБС                                                    

ЕМБГ:                                                                                  (за физичко лице)

Во прилог на пријавата доставувам:

  1. За правни субјекти
    • Потврда за регистрирана дејност издадена од Централен регистар на РСМ или соодветен документ-доказ дека припаѓа на соодветно здружение – (не постари од 6 месеци)
    • Фотокопија од лична карта од управителот
  2. За физички лица
    • Фотокопија од лична карта
  3. Уплатница за платен депозит за учество на јавно наддавање за оглас  7/2025
  4. Локација бр. _____, _____ м2

 

 

 

 

Датум                                                                                              Подносител на пријавата

 

_______________________                                                   _________________________________

Share This Article