Бројот на жртви од поплавите во американската држава Тексас се искачи на 96. Екипите за пребарување сè уште газат низ калливите речни брегови и ги пребаруваат погодените области, иако шансите за пронаоѓање преживеани меѓу десетици исчезнати, вклучувајќи деца, се намалуваат.
Пред три дена, поплавата на реката Гвадалупе уништи христијански летен камп за девојчиња.
27 од нив загинаа, а десет девојчиња и еден советник во кампот сè уште се водат како исчезнати, соопштија официјални лица.Најголемиот број на мртви беше во и околу градот Кервил на брегот на реката и на имотот на Камп Мистик.
Њујорк Тајмс објави дека најмалку 104 лица загинаа во целата зона на поплавување.
Се водеше јавна дебата за тоа како државните и локалните власти реагираа на временските предупредувања што предвидуваа можност за ненадејни поплави и недостаток на систем за рано предупредување, што можеше да ја ублажи катастрофата, објави Ројтерс.
Потгувернерот Ден Патрик вети дека државата ќе „го зголеми“ финансирањето за инсталирање на систем за предупредување за ненадејни поплави во Кервил до следното лето доколку локалните самоуправи „не можат да си го дозволат тоа“.