82-годишниот Ненад Ѓермановиќ од селото Станари, кај Добој, кој е уапсен поради убиството на својата сопруга Винка (76), сам ја повикал полицијата и го пријавил злосторството

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

82-годишниот Ненад Ѓермановиќ од селото Станари, кај Добој, кој е уапсен поради убиството на својата сопруга Винка (76), сам ја повикал полицијата и го пријавил злосторството, пренесуваат локалните медиуми од Република Српска.

Страшниот настан се случил синоќа (понеделник) околу 20:30 часот, во дворот на нивната семејна куќа во Станари.
Како што објави ATV, убиецот по делото ја повикал полицијата и пријавил дека ја удрил сопругата неколку пати со секира во главата. Според информациите, мирно го почекал пристигнувањето на полицајците, кои го уапсиле и го спровеле на понатамошна криминалистичка обработка.

Засега не е познато што точно се случило во домот на семејството Ѓермановиќ. Полицијата интензивно работи на утврдување на сите околности и на мотивите на овој ужасен чин. На местото на настанот бил извршен увид, а пронајдена е и секирата со која било извршено убиството. Тоа ќе го потврди вештачењето.

„Постојат основи на сомнение дека Н.Ѓ. во вечерните часови, во дворот на семејната куќа на подрачјето на општината Станари, усмртил женско лице со употреба на остар предмет – секира“, соопшти Полицијата во Добој.

Од таму додаваат дека увидот го водел дежурниот обвинител од Окружното јавно обвинителство во Добој. По негов налог се преземаат сите мерки и дејствија за утврдување на околностите и расчистување на кривичното дело. Телото на жртвата е испратено на обдукција, а осомничениот Ѓермановиќ, по завршената криминалистичка обработка и со извештај за сторено кривично дело – тешко убиство, ќе биде предаден на ОЈО Добој за понатамошна постапка.

Share This Article