Хрватскиот Сабор денеска му го врати пратеничкиот мандат на поранешниот вицепремиер и министер за земјоделство Јосип Дабро, од Движењето Татковина, кој поднесе оставка откако се појавија снимки како пука од огнено оружје од возило во движење.
Дабро за четири дена ќе се врати во собраниските клупи. За негово враќање гласаа 76 пратеници, петмина беа против, додека пратениците од највлијателната СДП ја напуштија седницата пред гласањето.