Background

64-годишната Ангелина Ангелова од Неготино го загуби животот во трагична сообраќајна несреќа, откако во неа удрил возач на товарно возило кој немал важечка дозвола и бил речиси целосно слеп

64-годишната Ангелина Ангелова од Неготино го загуби животот во трагична сообраќајна несреќа, откако во неа удрил возач на товарно возило кој немал важечка дозвола и бил речиси целосно слеп. Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинителен акт против лицето за кривично дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ по член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик.

Според обвинението, несреќата се случила на 3 декември 2024 година, на регионалниот пат Р1103, на делницата Пепелиште – Неготино, кај местото викано „Лаки“. Обвинетиот управувал товарно возило „Ситроен Џампер“ со велешки таблички иако во тој момент не поседувал важечка возачка дозвола, таа му била со истечен рок.

Како што информира Обвинителството, обвинетиот „не обрнал внимание на пешаците кои се движеле покрај коловозот“ и со страничниот ретровизор удрил во главата на Ангелина Ангелова. Ударот бил фатален, жената паднала од патот, а добиените повреди, скршен череп, пршлени и повеќе коски, биле смртоносни.

- Advertisement -
Ad image

Во соопштението се наведува и дека „на оштетената ѝ се констатирани одредени пропусти, бидејќи имала можност визуелно да го забележи возилото и да се отстрани“, но тие се оценети како секундарни.

Дополнителен шок во истрагата било откритието дека обвинетиот имал попреченост, слепило со 99% намалена видна функција, за што примал инвалидска пензија и додаток. И покрај тоа, тој управувал со возило, а во текот на истражната постапка успеал дури и да ја продолжи возачката дозвола.

„Постапуваме по сите индиции што укажуваат на можна злоупотреба на документација и системски пропусти. Побаравме од ОВР Неготино да ги провери условите под кои обвинетиот добил возачка дозвола и инвалидска пензија“, изјавија од Основното јавно обвинителство Кавадарци.

Оваа несреќа отвори прашања за контролата при издавање на возачки дозволи, особено кај лица со сериозни здравствени пречки.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation