60 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА КЛИМЕ САДИЛО

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Со  чалгиските звуци и препевот на најпознатите песни од  “Охридските трубадури“,  синоќа во предворјето на црквата Св. Софија беа одбележани 60 години од смртта на најпознатиот чалгаџија Климе Садило. Настанот го организира  Здружението за  култура и уметност „Арт Вивенди“ под покровителство на Општина Охрид .

Пред присутните се обрати Заменик градоначалничката на Охрид,  Ана Крстеска

– Во затишјето на оваа ноќ пред големиот храм Св.Софија   одбележуваме  60 години од упокојувањето на најпознатиот охридски и македонски чалгаџија Климе Садило. Чувствата на гордост, припадност и среќа  верувам дека вечерва  доминираат  кај секој од вас затоа што на вакви настани и одбележувања  се потсетуваме на охриѓани кои со своето дело   не направиле посебни и издигнале над сите други. Охриѓанецот Климе  Садило  во колективната меморија ќе остане забележан  како еден од првите и најзначајни чалгаџии кој  специфичната охридска музика ја свирел на  специфичен начин  на ќемане.Нашата историја го запишала како посебно талентиран и невообичаено надарен за музика, а со тоа и охридскиот мелос влегува во музичките реткости. Затоа,  што и да се каже за овој музички големец е премало, сувишно, скромно.Вечерва ги оживуваме сите ноќи кога Садило со својата тајфа„Такамот на Садиловци“ по охридските сокаци пеел под пенџерите на Фросина, Деспина, Билјана, Антица и многу други охридски убавици  преточувајќи ги нивните животни судбини во песна, а  овековечил и многу убави и бурни  настани и случки кои го одбележале охридскиот градски живот. Вечерва се враќаме во едно дамнешно време на убавина но  и воспевање на охридското секојдневие.Задно со  Наум Курте, Паско Пепелко, Кирил Кузманов, Ѓоре Чочег, Димко Карче, Мехмет Утчи настапувал  во Охрид, Ресен, Кичево, Струга, Дебар, но и надвор од Македонија – Србија, Албанија, Бугарија.Тајфата на Садило е веројатно единствената од овие простори  која во раните години на 20-от век снимала лонг плеј плочи во Хрватска и Америка .Верувајте дека за музичари од ваков калибар, чалгаџии без кои не била можна ниту една семејна веселба и прослава, кои одбележале едно време, кои ставиле печат на  градскиот живот во Охрид   е многу тешко со збор  да се долови нивната големина или да се најде соодветен начин  да се возврати за се она што на културен план го направиле за нас. Затоа Општина Охрид и во иднина ќе поддржува настани од ваков тип.Секое време носи нова чалгиска група со свои квалитети и музички бисери, но никогаш нема да се роди вториот Садило, виртуозот кој со лева рака го држел гудалото на својата виолина, кој околу себе собрал група врвни музичари кои останале запаметени во цел Балкан и пошироко по изведбите на охридските песни кои стануваат традиционални и вечни.Затоа вечна им слава на сите нив. Вечна слава на големиот Климе Садило и бескрајна благодарност за секој звук, за секоја песна отсвирена и отпеана од „Тајфата на Садиловци“- подвлече Крстеска

Пред присутните настапија  КУД „Далги“ при Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца, Охридскиот камерен оркестар , а беше изведена и  драмата „Виолина што одекнува низ вековите“ од м-р Михаил Патчев.

Share This Article