57-годишниот В.Д. од село Стар Караорман вчера го загуби животот во собраќајна несреќа, информираат од ОВР Кочани.
Несреќата се случила во периодот од 23:00 часот на 02.02.2025 до 16:30 часот на 03.02.2025, на земјениот пат што го поврзува локалниот пат помеѓу селата Оризари и Пресека, во близина на маалото „Јовевци“, кај место познато како „Лозата“.
Возилото „мерцедес“ со штипски регистарски ознаки, управувано од В.Д., излетало од патот и се превртело. Од здобиените повреди, возачот починал на местото на несреќата. Лекар од Итна медицинска помош потврдил смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото било испратено на обдукција.
Увид на местото извршила екипа од ОВР Кочани, која продолжува со истрагата за утврдување на причините и околностите на несреќата.