Со промоција на богата Монографија посветена на делото на познатиот охридски, македонски и светски уметник Јордан Манасијески вечеравечер во зградата на Општина Охрид беа одбележани 55 години од неговото творештвото.
За живата легенда и за нашиот најголем уметнички амбасадор во Светот говор одржа Заменик градоначалничката на Охрид, Ана Крстеска.
-Големиот уметник кој се вбројува во Светската реткост, творецот на неодминливите грандиозни уметнички дела изложени во најпознати светски музеи за кои се пишуваше во најексклузивни печатени трудови е причината што вечерва се собравме тука за заедно да одбележиме 55 години од неговото творештво . На овој Јубилеј со задоволство ќе уживаме и во богатата Монографија испечатена на околу 500 страни со речиси 300 негови репродукции. Станува збор за труд што со радост беше поддржан од Општина Охрид.
Верувајте, премногу е мал, скромен е секој избран збор за академскиот уметник со светско реноме, Јордан Манасијески, охриѓанецот кој не воздигна високо до небесниот свод и со своите дела направи да не спознае целиот Свет.
И верувајте има вистина во зборовите: Најквалитетните луѓе се најскромни затоа што тоа важи токму за него. Едноставен, тивок сограѓанин кој ужива во тишината на своето ателје каде на платно ги оживува своите фантазии додека се полнат со восхитени посетители Галриите каде тој изложувал во: Германија, Франција, САД, Јапонија , Англија и во многу други земји. Со ова Манасијевски успеа да го постави Охрид и Македонија на светската културна мапа за што сме бескрајно благодарни.
Манасијески спонтано станува наш ликовен амбасадор во странство. За него имаат пишувано многу познати светски пера, а неговите дела и животен пат на многупати се документирани на филмското платно. Тој неуморно твори и повторно не воодушевува на сите нас со иста мера на бескраен восхит од секоја негова уметничка творба.
Нашиот Манасијески многу одамна ги допрел најголемите височини, најдалечните хоризонти, највозвишените вредности што Бог може да му ги дарува на еден уметник. Што да се кажа за човекот кој е добитник на највисоките светски награди и признанија за уметност, гран прија , а е и редовен избраник на најпрестижни уметнички биеналиња на кои учествува само светскиот уметнички „крем“. За него се секогаш отворени вратите на парискиот музеј „Лувар“ и на најпознатите музеи во Токио, Рим и други културни центри ширум Светов каде е прогласен за најдобар претставник на Современата уметност од 21 век.
За уметник од ваков ков кој е и добитник на највисоката општинска награда „Св. Климент Охридски- патрон на градот Охрид“ за 2014 година се кажано и напишано и секоја добиена награда се мали, недоволони, сувишни затоа што неговите дела се грандиозни и безвременски.
На нас останува само да симнеме капа пред се што неговата златна рака оживела на платното. Да изразиме бескрајна благодатрност за се возвишено и добро што тој направил за нас. Да му посакаме добро здравје и плодна работа и во иднина.
Господине Манасијевски бидете ни жив и здрав, гордост сте ни- подвлече Крстеска.
Монографијата претходно беше промовирана во МАНУ во Скопје и во Битола.
Вечерашниот настан имаше и хуманитарен карактер – продажба на графики. Дел од средствата кои се собраа ќе бидат донирани за настраданите лица во Кочани. Со свои музички точки пред присутните настапија познатиот гитарист Дамјан Пејчиноски и женскиот хор „Акордис“.