Секоја година на 5 јуни се одбележува Светскиот ден за заштита на животната средина – иницијатива на ОН која се претворила во глобална платформа за јавен дијалог и соработка. Оваа година, како и секоја претходна, денот носи нови предизвици и можности за размисла за состојбата на нашата животна средина.
Северна Македонија се соочува со сериозни еколошки предизвици кои бараат итно дејствување. Загадувањето на воздухот, особено во зимските месеци, водното загадување и неконтролираното депонирање отпад се само дел од проблемите со кои се соочуваме секојдневно.
Охридското Езеро, како едно од најстарите и најбогатите езера во светот по биодиверзитет, се наоѓа во фокусот на меѓународното внимание поради загрижувачката состојба. УНЕСКО внимателно ја следи состојбата на Охридското Езеро, но дали ќе биде ставен на листата на светско културно наследство во опасност ќе одлучуваат во јули 2025.
Под влијание на антропогените фактори по Втората светска војна се евидентни неповолни влијанија на проѕирноста на водата и на сината боја, што покажува дека проблемот е долгорочен и сериозен.
Дел од видовите во Охридското Езеро, околу 14%, се сметаат за ендемични видови, а околу 2% се реликтни видови. Ова го прави езерото неповторливо во светот и истовремено му дава огромна одговорност на Северна Македонија за негова заштита.
Неопходност од преземање итни мерки и активности, како и највисока подготвеност на сите чинители вклучени во процесот за да се отстранат опасностите по Охридското Езеро и неговото природно и културно наследство, согласно насоките на УНЕСКО, е од врвен приоритет.
Сепак, потребни се не само декларации туку и конкретни дела, инвестиции и долгорочни стратегии.
Во рамките на проектот „Сакај го Охридското Eзеро-единствено е во светот” имплементиран од невладината организација „Нова Порта” беа реализирани бројни активности за подигнување на еколошката свест. Вакви иницијативи покажуваат дека граѓанското општество е свесно за проблемите и сака да биде дел од решението.
Меѓународниот ден на животната средина не смее да биде само симболичен датум. За Северна Македонија и особено за Охрид, овој ден треба да биде потсетник на итноста за преземање конкретни мерки за заштита на нашето природно богатство.
Охридското Езеро не е само туристичка атракција – тоа е живо богатство кое мора да се зачува за идните генерации. Времето за дејствување е сега, пред да биде премногу доцна.
Секој од нас има улога во заштитата на животната средина. Прашањето е дали сме подготвени да ја преземеме таа одговорност.
Сашо Денесовски
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
