Background

40.000 странци се заглавени во Израел, меѓу нив и 22 наши граѓани

Околу 40.000 странци, повеќето туристи, моментално се „заглавени“ во Израел поради тековниот конфликт со Иран, соопшти израелското Министерство за туризам.

По ескалацијата на судирите, авиокомпаниите ги откажаа летовите, принудувајќи ги патниците да одлучат дали да чекаат да заврши конфликтот или да бараат алтернативни патишта низ соседните земји.

Воздушниот простор на Израел е затворен за цивилен воздушен сообраќај, а израелската национална авиокомпанија „Ел Ал Ерлајнс“ соопшти дека ги откажува летовите до 23 јуни. Ограничувањето ќе важи сè додека безбедносната ситуација не се подобри.

- Advertisement -
Ad image

Најлесниот излез е преку копнени премини во соседен Јордан, од каде што летовите сè уште тргнуваат од аеродромот во Аман.

Министерството за туризам на Израел отвори 24-часовна телефонска линија за помош за патници, достапна на англиски и на хебрејски јазик.

Ограничени се и можностите за туристички посети, музеите се затворени, а пристапот до Стариот град на Ерусалим е забранет. Затворени се и повеќето трговски центри и продавници.

Евакуација од Израел и враќање во Македонија чекаат и 22 македонски државјани кои досега побарале помош од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНРиНТ).

Од МНРиНТ вчера соопштија дека во тек се активности за нивна скорешна евакуација и трансфер до безбедна локација, од каде што дополнително ќе се организира нивно враќање во земјата.

Македонското дипломатско-конзуларното претставништво во Тел Авив е во постојана комуникација со нашите државјани, а Министерството за надворешни работи и надворешна трговија активно работи на обезбедување на сите неопходни услови за нивно безбедно враќање.

Поради влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток, претходно, МНРиНТ апелира до сите државјани на Северна Македонија кои се наоѓаат на територијата на Израел и на Иран, доколку им е потребна конзуларна помош, веднаш да стапат во контакт со надлежните институции преку дежурните (СОС) телефонски броеви.

Воедно, се апелира до сите државјани да се воздржат од патувања кон земјите од овој регион, сè до подобрување на безбедносната состојба.

За помош и асистенција, граѓаните можат да се обратат на следните контакти: Амбасада на Република Северна Македонија во Тел Авив – Тел: +972 54 500 8566 / +972 54 967 0546 Е-пошта: telaviv@mfa.gov.mk.

Министерство за надворешни работи и надворешна трговија Тел: +389 75 273 732 / +389 75 268 736, Е-пошта: globalsos@mfa.gov.mk.

Во рамки на Министерството е формиран кризен штаб кој континуирано ја следи состојбата и е достапен 24 часа дневно за сите потреби поврзани со помош, поддршка и асистенција.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation