Околу 15 специјалисти од Белград и од Чешка се пристигнати во државава да помогнат за лекување на повредените во катастрофалниот пожар што се случи во дискотека во Кочани во кој, според последните официјални информации загинаа 59 лица, а 155 повредени.
Се очекува да пристигнат и специјалисти од Израел.
Министерот за здравство Арбен Таравари денеска изјави дека тие ќе бидат распоредени по клиниките каде има потреба.
Таравари појасни дека дел од пациентите се транспортирани надвор од државата не затоа што немаме центар за изгореници, туку затоа што се работи за голем број на пациенти.