14 повредени водат битка за живот во болниците во Бугарија

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Состојбата на 14-те повредени во пожарот во Кочани кои се лекуваат во Бугарија и натаму е сериозна, соопшти бугарското Министерство за здравство на својата Фејсбук страница.

Осумте пациенти хоспитализирани во Универзитетската болница и медицинскиот центар Н.И.Пирогов се на механичка вентилација и остануваат на интензивна нега.

Според информациите од болницата во Варна, тројцата пациенти кои се кај нив се во тешка состојба, двајца се на механичка вентилација, а еден користи назална маска за третман со кислород.

Сериозна, но стабилна, е состојбата на пациентите во Универзитетската болница „Свети Георги“ во Пловдив. Нивното лекување продолжува на интензивна нега, се наведува во информацијата од Министерството за здравство на Бугарија.

Во Бугарија денеска е прогласен ден на жалост во спомен на жртвите во Кочани и солидарност со народот во Македонија

Вчера имаше итен повик за донирање на крв за лицата кои се во болницата Пирогов. За многу кратко време по повикот околу 120 граѓани чекаа во редици за да им помогнат на повредените кои настрадаат во дискотеката во Кочани.

Share This Article