1343 сообраќајни прекршоци изминатиот викенд, 546 за брзо возење

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

На подрачјата на сите сектори за внатрешни работи во текот на изминатиот викенд (24/25.05.2025) полициските службеници во рамки на интензивните сообраќајни контроли издадоа вкупно 1343 платни налози, а претежно по преземени мерки по основ на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (ЗБСП), како и по основ на Законот за возила (ЗВ).

Според статистичките податоци, специфично за деновите од викендите и натаму најголемиот број изречени прекршоци се однесуваат на непочитување на брзината на движење 546, за непрописно паркирање беа изречени 120 мерки, за непоседување на возачка дозвола изречени се 137 санкции, потоа 121 мерка за некористење на сигурносен појас, како и 47 изречени санкции за користење на мобилен телефон.
Во деновите на викендот санкциониран е 21 возач за минување на затворен сигнал (црвено светло), додека пак 43 возачи се исклучени од сообраќај бидејќи управувале возило под дејство на алкохол. Исто така санкционирани биле десет возачи на мотоцикли поради неносење заштитна кацига, изречени се четири мерки за прекршоци што ги чинат пешаците, а санкционирани биле и тројца возачи на електрични тротинети.
Во рамки на контролите, санкционирани се и 24 возачи за управување нерегистирано возило, а исклучени од сообраќај биле седум возила заради техничка неисправност согласно Законот за возила.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Share This Article