More

    Зошто кучињата го шмркаат меѓуножјето на своите сопственици?

    spot_img

    Кучињата имаат посебен (Џејкобсон) орган во носот кој служи за откривање на разни материи што создаваат мирис. Веројатно сте забележале дека кучињата сакаат да ги шмркаат препоните на луѓето, но веруваме дека не сте разбрале зошто го прават тоа. Пред да одговориме на ова прашање, мора да нагласиме дека кучињата си го прават истото едни со други.

    Со шмркање на задникот можат да го дознаат полот на другото куче, што јадат, расположениe и ред други информации. Д-р Џорџ Прети работел на тестирање на аналниот секрет кај кучињата и открил дека кучешкиот задник има анални кеси – мали жлезди кои ослободуваат хемиски соединенија. Едно од овие соединенија е триметиламин – органско соединение кое се формира со распаѓање на растенија и животни, а е препознатливо како смрдеа на лош здив или расипана риба.

    Благодарение на нивниот специјален орган за душкање, кучињата можат да дознаат различни информации за друго куче. Затоа кучињата ги шмркаат задникот и половите органи на своите сопственици и на другите луѓе. Тие го прават тоа за да не запознаат. На овој начин тие се поврзуваат со нас и откриваат информации за нас.

    Важно е да не го карате кучето кога го прави ова бидејќи треба да бидеме свесни дека кучињата едноставно комуницираат на различни начини. Ако вашето куче го прави тоа, тоа значи дека ве запознава, прифаќа и сака. Не му го брани тоа

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img