Научниот брод Тара заплови денеска, но не на отворено море, туку на нова експедиција за откривање на тајните на европските крајбрежни екосистеми.Лабораторискиот брод тргна од Лориен, град во западна Франција, на патување по европскиот брег до јули 2024 година за да учествува во мисијата насочена кон мерење на влијанието на загадувањето и климатските промени на европските брегови.
Мисијата вклучува комбинирање на широк спектар на истражувања, кои се движат од геномика до екологија и морска биологија.
Научниците ќе ги истражуваат интеракциите копно-море со собирање примероци од плитки води и почва во нивните мобилни лаборатории.
„Целта е да му се овозможи на човештвото подобро да разбере, на клеточно и молекуларно ниво, како на здравјето на луѓето и на планетата влијаат промените на животната средина, како што се климатските промени, употребата на пестициди или губењето на живеалиштата“, рече Едит Херд. Генерален директор на Европската лабораторија за природни науки, која го води проектот „Преку европските брегови“.
„Тоа е навистина амбициозен проект, кој никогаш досега не бил реализиран, па затоа ќе биде предизвик и технички тежок“, изјави Едит Херд.
Бродот ќе патува 25.520 километри и ќе ги посети бреговите на Атлантикот, Ла Манш, Северното Море, Балтичкото Море и Средоземното Море.
Мисијата ќе посети 120 крајбрежни локации, во 46 региони од 22 европски земји, до јули 2024 година.