More

    Полицијата уапси двајца прилепчани

    spot_img

    На регионалниот пат Дебар – Струга, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Џепиште во координација со Одделението за прекуграничен криминал при Регионалниот центар за гранични работи Запад – Дебар ги лишиле од слобода Б.С.(34) и Д.Н.(36), двајцата од Прилеп.

    Полицијата соопшти дека кај нив е пронајдена дрога и оружје.

    „При преглед во возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки на рент а кар компанија, кое го управувал  Б.С., а сопатник бил Д.Н., биле пронајдени и одземени една торба со над 3 килограми марихуана и автоматска пушка со празна рамка“, се наведува во соопштението.

    Лицата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img