More

    Утрово автобусите сообраќаат на линиите

    spot_img

    Пред владата и утрово има паркирани автобуси на ЈСП Скопје. Сообраќајот е затворен со автобуси кон Илинденска од правецот на мостот Гоце Делев и од правецот на булеварот ВМРО. До кога ќе остане блокадата не се знае.

    Останатите автобуси на ЈСП се вратија на улиците низ главниот град, откако Град Скопје обезбеди плата за вработените.

    Претседателот на синдикатот на ЈСП, Миќо Стојановски синоќа изјави дека пред Владата останале 15 автобуси и тие се таму по налог на градоначалничката Данела Арсовска.

    – Тоа е еден вид притисок врз Владата за што побрзо да го реши тој нивен клинч околу долговите што Владата ги има кон ЈСП за блок дотациите за превозот на средношколците и студентите во градот Скопје – рече Стојановски.

    Вчера беше постигнат договор Град Скопје да ги обезбеди парите за плата на вработените, а дали ќе се чека парите да легнат на сметките на вработените па да се тргнат автобусите, останува да се види.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img