More

    Меган Маркл се присети на својата прва работа како ТВ-хостеса

    spot_img

    Војвотката од Сасекс, Меган Маркл, во новата епизода од поткастот „Archetypes“, во кој беше интервјуирана од Парис Хилтон, зборуваше за периодот кога на почетокот на кариерата работела како водителка на квиз-шоуто „Deal or No Deal“, пренесува Б92.

    – Секоја недела добивав ваучери за сончање со спреј и еднаш дамата што ја води емисијата ми рече да го вовлечам стомакот. На крајот го напуштив шоуто. Како што реков, бев благодарна за работата, но не и за тоа како се чувствував, што не беше паметно. И патем, на таа сцена бев опкружена со паметни жени – рече Меган.

    Потоа следуваше делот со „проститутката“:

    – Но, тоа не беше фокусот на тоа зошто бевме таму. Јас си одев од таму со грч во стомакот, знаејќи дека сум многу повеќе од она што беше прикажано на сцената. Имав добар приход, бев во синдикатот, имав здравствено осигурување, одлично беше, но ми пречеше што ме третираа како проститутка. Ме вработија само затоа што бев убава – рече таа и додаде дека се надева дека луѓето ќе ја ценат нејзината ќерка Лилибет пред сѐ поради нејзиниот ум, а не поради нејзината убавина.

    Набргу по зборовите на Меган, проговори Клаудија Џордан, која работеше како водителка со Меган во истото шоу. Таа не го дели истото мислење како војвотката.

    – Да бидам јасна. Секако дека треба да си убава за улогата на водителка и изборот на хостесата не мора да зависи од интелектот, но извршните продуценти на секоја емисија избраа пет духовити и паметни девојки на кои им даваа микрофони за да комуницираат со натпреварувачите. И тие сигурно не нѐ третираа како проститутки. Поради тој квиз сите добивме многу други можности на телевизија – изјави Џордан, кој сега е ѕвезда на реалното шоу „Real Housewives of Atlanta“.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img