More

    На прсти се бројат општините кајшто води Пендаровски

    spot_img

    По изработени 21,15% од гласовите на претседателските избори, кандидатката за претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, има двојно водство во однос на противкандидатот од СДСМ, Стево Пендаровски.

    До моментов Силјановска Давкова има освоено 71.777 гласови, односно 61,98% од вкупните гласови. Пендаровски досега има освоено 35.302, односно 30,48% од вкупните гласови.

    На прсти можат да се избројат општините каде што е во благо водство кандидатот на СДСМ: Дебар, Пласница, Зелениково, Студеничани, Брвеница, Врапчиште, Боговиње, Желино, Теарце, Липково, Арачиново…

    Во сите останати поголеми општини и градови, убедливо водство има кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ.

    Претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски вечерва изјави дека според податоците пристигнати до 18:30 часот, одѕивот на изборите за шеф на државата бил 46,34 проценти.

    ДИК првичните резултати од гласањето добиени по електронски пат ги објавува сукцесивно, а резултатите од записниците од ОИК во рок од 12 часа по завршувањето на изборите.

    Конечните резултати од изборите ДИК ги објавува во рок од 24 часа од денот на нивната конечност.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img