More

    Врие од полицајци пред штабот на Вреди во Скопје

    spot_img

    Пред изборниот штаб на албанската опозициска коалиција Влен кај плоштадот „Скендербег“ во Скопје се поставени заштитни барикади и се забележува присуството на полициските сили.

    Од Влен за МИА велат дека сето ова е преземено само поради безбедносни причини, но, како што посочуваат, немаат никаква најава за некаков инцидент или загрозување по животот на некој од присутните претставници од медиумите, и членовите на коалицијата.

    Во штабот на Влен доминира победничка атмосфера, присутните извикуваат „Победа, победа“.

    На прес-конференцијата се обраќаат претседателите на партиите од коалицијата „Влен“ Изет Меџити, Биљал Касами и Арбен Таравари.

    За потсетување, на првиот круг од претседателските избори пред изборниот штаб на Влен по одржување на првата прес-конференција по затворање на гласачките места, членот на ДУИ Артан Груби со други членови и симпатизери од партијата дојдоа да прославуваат пред штабот на албанската опозициска коалиција, по што сите медиумски работници и симпатизери на коалиција беа преселени на друга локација, односно кај седиштето на Демократското движење, за, како што рекоа тогаш, да не дојде до некаков инцидент. 

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img