More

    Трет пат во кариерата освои етапа во Имола

    spot_img

    Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, го освои првото место на трката за Големата награда на Емилија-Ромања. Холанѓанецот по трет пат во кариерата освои етапа во Имола, тој исто така победи тука во 2021 и 2022 година.

    Втор заврши возачот на Мекларен, Ландо Норис, за кого ова беше трет подиум по ред. Британецот загуби од Верстапен за 0,725 секунди.

    Шарл Леклер од Ферари беше трет во трката, со 7,916 секунди заостанување за

    По седум трки сезонава лидер во Генералниот пласман во Формула 1 е Макс Верстапен со 161 бод. Шарл Леклер е втор со 113 поени, додека партнерот на Верстапен во Ред Бул, Серхио Перез е на третото место со 107 бодови.

    Лидер во шампионатот за конструктори е Ред Бул (268 поени), Ферари е втор (212), а Мекларен е трет (154).

    Следната трка во Формула 1 ќе се вози во Монако од 24 до 26 мај.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img