More

    Ковачевски, Спасовски, Мицкоски и Арсовска на литургија во Соборниот храм

    spot_img

    Во сите храмови на Македонската православна црква-Охридска архиепископија во земјава денеска се одржаа божикни литургии по повод најголемиот христијански празник Рождество Христово – Божик.

    Централното одбележување беше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски” во Скопје, каде литургија богослужеше архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан.

    На литургијата присуствуваа голем број верници, но и политичари. Присутни беа премиерот Димитар Ковачевски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Дарјан Сотировски, лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска…

    Мицкоски на сите верници од православна вероисповед им ги честиташе божиќните празници.

    – Ова се денови кога треба да се обединиме, без разлика на нашите политички разлики. Ова се денови кога треба да упатиме порака на обединување, на заедништво, тоа ни е потребно. Ние сме мал народ, ние сме мала држава и треба дасе почитуваме, затоа што само обединети и доколку се почитуваме ќе стигнеме до нашата цел. А, тоа е да не ни се случуваат неубави работи, да не ни се празни државата, младите да ни останат тука. Македонија да се развива – изјави Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

    Во Соборниот храм присутна беше и градоначалничката Арсовска, која посака годинава да биде подобра од минатата. Годинава паричката се паднала во куќата.

    – Да бидат среќни, со добро здравје, весели, да живеат во благостојба, оваа година да биде подобра од минатата. Се надевам дека 2023-та ќе биде година во која ќе си помагаме, ќе бидеме хумани и солидарни, со што ќе ја направиме Македонија подобро место за живеење – порача Данела Арсовска, градоначалник на Град Скопје

    Празникот го честиташе и лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

    – Во овие празнични моменти кои ги доживувате со вашите најблиски по повод празникот Божиќ, ви ги пренесувам моите искрени желби за здравје, мир, бериќет и бескрајна добрина во вашите домови. Нека секогаш е подадена раката на милосрдието, помирувањето и помошта еден кон друг – порача Ахмети во честитката.

    Честитки до верниците по повод Божик испратија од државниот врв и од политичките партии.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img