More

    Што точно ѝ рекол суровиот Чарлс на Дајана по раѓањето на Хари

    spot_img

    Британскиот принц и војвода од Сасекс, Хари тврди дека тој и неговиот брат Вилијам побарале од нивниот татко, тогаш принц и сега крал Чарлс, да не се венча со сегашната кралица Камила, откако мајката на двајцата принцови и тогашната сопруга на Чарлс, Дијана, почина во автомобилска несреќа во Париз.

    Во сè уште необјавените мемоари со наслов „Резерва“, принцот Хари вели дека тој и принцот Вилијам имале одделни состаноци со Камила пред таа „да стане член на семејството“, како и дека тој се прашувал дали еден ден таа ќе биде неговата „злобна маќеа“, но дека тој и неговиот брат биле спремни да и простат „во срцето“ доколку таа го израдува кралот Чарлс, пренесува Би-Би-Си.

    Хари наведува дека кога имал 20 години дознал дека набргу по неговото раѓање, тогашниот принц Чарлс и рекол на Дијана дека таа ја „извршила својата должност“ со тоа што родила два сина.

    – Роди наследник и резерва. Ти си ја заврши работата – наводно рекол тогаш Чарлс.

    Во книгата, принцот Хари го опишува конфликтот меѓу него и неговиот брат Вилијам веднаш по погребот на војводата од Единбург и поранешниот принц Филип, и вели дека Чарлс се обидел да ги раздели.

    – Ве молам, момци, не правете хаос од моите последни години – се наводните тогашни зборови на принцот Чарлс.

    Претходно британскиот јавен сервис објави дека Хари признал дека убил 25 луѓе додека служел во Авганистан.

    – Секогаш можев да кажам точно колку непријателски борци убив. Значи мојот број е 25. Тоа не ме исполни со задоволство, но не чувствував ниту срам – цитира Би-Би-Си извадок од мемоарите на Хари.

    Британскиот принц во своите мемоари признал и дека користел дрога кога имал 17 години.

    – Тогаш користев кокаин… Не беше многу забавно и не се чувствував особено среќен поради тоа… Имав седумнаесет години – напишал принцот Хари во мемоарите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img