More

    Сергеј Трифуновиќ се огласи првпат по апсењето

    spot_img

    Притворот на српскиот актер Сергеј Трифуновиќ, кој неодамна беше уапсен под сомнение дека поседува пет грама дрога, беше укинат по сослушувањето во Вишото јавно обвинителство во Белград.

    Како што се наведуваше во медиумите, актерот признал дека дрогата ја чувал за лична употреба. Неодамна за овој случај се огласи и Вишото јавно обвинителство во Белград, а сега актерот за првпат даде свој коментар.

    – Телефонот ми го вратија дури денеска. Тој беше на вештачење во органите со цел да се разоткријат и другите членови на мојот наркокартел. Имам 6.000 пропуштени повици и пораки и тука би сакал да им се заблагодарам на сите за грижата и поддршката, поединечно тоа би траело со денови. Важно е да знаете дека правдата постои во Србија и дека властите си ја вршат својата работа. И јас сум сега сосема друга личност. Превоспитан, подобар, спортист. Сите на избори – напишал актерот.

     

    Потсетуваме, актерот во средината на април беше приведен во белградски Вождовац, откако, како што пренесуваат српските медиуми, купил дрога од познаник.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img