More

    Ако Доналд не замолкне, судијата му се закани и со затвор

    spot_img

    Судијата Хуан Мерчан, денеска на судењето во Њујорк, пресуди дека поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, направил престап бидејќи како обвинет го нарушил молкот во тој процес.

    Според наредбата, Трамп до крајот на оваа недела треба да плати 9.000 долари казна бидејќи именувал и критикувал сведоци низ социјалните мрежи и на неговата кампањска страница.

    Судијата му се закани и со затворска казна ако Трамп повторно го наруши правилото.

    Судењето на Доналд Трамп е поврзано со исплатата на порно актерката Сторми Дениелс, изршена пред изборите во 2016 година, за нераспространување компромитирачки информации од приватниот живот на поранешниот претседател.

    Денеска беа слушнати изјавите на повеќе сведоци, вклучувајќи го и Гери Фаро кој е банкарот на поранешниот адвокат на Трамп, Мајкл Коен. Фаро даде детали за документацијата поврзана со исплатата на 130.000 долари на Дениелс.

    Сведочеше и Роберт Браунинг, извршен директор на архивите на јавната медиумска куќа „Си-спан“, при што обвинителите прегледаа неколку видео снимки со Трамп како доказ.

    Понатаму, сведочеше и Кит Дејвидсон, поранешен адвокат на Дениелс и на Карен Мекдугал, поранешна манекенка која исто така е дел од процесот, за преговорите меѓу изданието „Нејшнл енквајерер“ и Коен за откуп и необјавување на сторијата на Мекдугал околу личната врска што ја имала со Трамп.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img