More

    Стојко Стојков: Тоа е срамота и покажува на што сè се подложени Македонците во Бугарија

    spot_img

    Тоа е срамота и покажува на што сè се подложени Македонците во Бугарија, вели претседателот на ОМО Илинден Пирин Стојко Стојков за декларацијата со која Советот на Општина Благоевград го забрани отварањето на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“, со образложение дека Благоевград нема да биде центар за слични пропагандни провокации и дека таму нема место за македонисти.

    – Овие луѓе во Советот на Благоевград, ако самите не се Македонци, имаат роднини и пријатели кои се. Тие знаат дека има многу Македонци во Бугарија и во Благоевград. За да излезат со таква позиција, објаснување е само дека се создава атмосферата на страв и омраза против Македонците овде – изјави Стојков за „Слободен печат“.

    Клубот го отвора Македонското здружение за заштита на основните индивидуални човекови права, а тие, како што вели Стојков, за декларацијата на Оппштина Благоевград дознале од медиумите и сè уште не ја добиле одлуката.

    Стојков вели дека досега немале контакт со македонската влада во врска со отварањето на овој клуб, и покрај тоа што во април, кога се отвараше бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола, премиерот Димитар Ковачевски најави дека ќе има реципроцитет со Бугарија и дека есенва ќе се отвори македонски клуб во Благоевград.

    – За жал, нема ништо од македонската влада. Но, и тие ќе бидат поканети на отворањето – вели Стојков.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img