More

    (Галерија) Диреторот на БЈБ Сашо Тасевски во работна посета во Далас, Тексас, каде се одржува Годишна конференција на Меѓународната асоцијација на шефовите на полициите од целиот свет (ИАЦП).

    spot_img

    „Во периодот од 15.10.2022 до 18.10.2022 година, ја предводам делегацијата на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија во работна посета во Далас, Тексас, каде се одржува Годишна конференција на Меѓународната асоцијација на шефовите на полициите од целиот свет (ИАЦП).
    На Конференцијата, учествуваат преку 400 делегации од полициски организации од целиот свет и истата е посветена на повеќе едукативни теми од областите на полициско работење, актуелни во последно време, како ефикасното полициско работење така и за ефикасното менаџирање со полициската организација.
    На овогодинешната Конференција, преку видео порака се обрати и американскиот Претседател Џо Бајден, кој испрати пораки на поддршка кон полициската професија. Свои обраќања исто така имаа и г-дин Винсент Талучи – Извршен Директор на Меѓународната асоцијација на шефовите на полициите (ИЦАП), г-дин Мерик Гарланд – Главен Јавен Обвинител, г-дин Ерик Џонсон – Градоначалник на Тексас и г-дин Едгардо Гарсија – Началник на полицијата на Далас.
    Во рамки на Конференцијата, остварив средба со г-дин Карл Ришајн, полициско аташе на ИЦИТАП во Република Северна Македонија, на кого му доделив и благодарница од име на македонската полиција за неговиот придонес во работата на Министерството за внатрешни работи и соработката помеѓу нашите две држави. Исто така, имав средби и со г-дин Грегори Дукот – директор на ИЦИТАП, и Помошник на Главниот Јавен Обвинител – г-дин Кенет Полајт, а остварив и билатерални средби со моите колеги од Република Албанија и Црна Гора“-фејсбук статус на директорот на Бирото за јвана безбедност при МВР Сашо Тасевски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img