More

    Сали вели дека со протестот жртва се пациентите

    spot_img

    Министерот за здравство Беким Сали денеска коментирајќи го протестот на матичните лекари изјави дека пациентите не треба да бидат жртва на одредени задоцнети политики и посочи дека не успеале да убедат само мал дел од матичните лекари, односно околу 25 проценти од нив.

    – Очигледно ние како Министерство не успеавме да убедиме само еден мал дел, тоа се 25 отсто од матичните лекари. Слободно проверете, две здруженија од трите поголеми здруженија на матичните лекари не се дел од овој штрајк и не се вклучија во изразување на бојкот на работа во којшто жртви односно подебелиот крај го извлекуваат пациентите, а не системот. Затоа што измени во системот се прават преку разговори, а не преку штрајк во којшто за жал пациентите се тие што страдаат – порача Сали во одговор на новинарско прашање по настанот на тема „Справување со дезинформации околу вакцинацијата – потреби и предизвици“.

    Според Сали, не станува збор за протест, туку за штрајк со тридневно изразување револт кон политиките на Министерството за здравство.

    Протестот на Здружението на приватни лекари започна вчера, а ќе трае и утре. Тие одлучија, преку мирен протест да побараат зголемување на капитацискиот бод, електронско здравство, бришење на дестимулативната скала, зголемување на буџетите за специјалисти и лаборатории и за рурални амбуланти, како и да не се затвораат ординации на лекари кои сакаат да продолжат да работат над 64 години. Лекарите што се вклучени во протестот најавија дека нема да издаваат упати и рецепти, а ќе примаат само итни случаи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img