More

    „Уставните измени нема да го решат проблемот“

    spot_img

    Кандидатката за претседател од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова вечерва изјави дека ја прифаќаат Преговарачката рамка, но не и уставните измени.

    Во претседателската дебата заедно со кандидатот за претседател поддржан од СДСМ Стево Пендаровски на ТВ21, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека уставните измени нема да го решат проблемот, туку дека напротив ќе го продлабочат.

    – Преговарачката рамка ние ја прифаќаме. Ние не го прифаќаме само елементот врзан за уставните измени и мислиме дека со поинаква добрососедска интерпретација, дека ако се копенхагенски критериуми во прашање може вето, нека си разговараат комисиите инаку не може да се употреби тоа за вето и ги почитуваме европските темелни вредности и принципи и преговарачката рамка, ама и себе претседателе – рече Силјановска Давкова.

    На новинарско прашање како земјава ќе го продолжи патот кон ЕУ и како ќе се надмине проблемот со закочените измени во Уставот, Силјановска Давкова рече дека ако некој ги закочил уставните измени, тоа е сегашниот технички премиер, бидејќи не го ставил во првата фаза на гласање предлогот за измени на Уставот, само помина во Комисијата.

    – Тој го стави во фиока и со тоа се самопрогласи за американски претседател кој на некој начин в џеб ги стави уставните измени, а нема право на тоа. Јас сум за тоа и кажав оние кои можат да предложат уставни измени, тие тоа не го процесуираа, инаку ќе се видеше дека слично како и народот, и пратениците внатре, дури и од опозицијата некои мислат слично на мене, дека нема потреба од такви уставни измени на ваков начин – порача Силјановска Давкова.

    Таа истакна дека земјава нема проблем толку голем со Бугарија и нејзиното вето, туку со сегашната власт.

    – Читате ли вие, поради „Фридом Хаус“, поради сите извештаи, поради отсуство на владеење на право, поради отсуство на правна држава, корупција и криминал, зависно судство на чело со двајца ваши членови во Советот. Знаете ли дека Судскиот совет е прогласен за фактор на зависност и политизација, не ги предложив јас претседателе, вие ги предложивте. Вие сте директен учесник во ова – вели Давкова.

    Таа додаде дека Пендаровски е првиот претседател кој го прекршил Уставот.

    Пендаровски, пак, истакна дека со сегашниот став на опозицијата или ако утре таа биде власт, до 2050 година нема да бидеме земја членка на Европската Унија.

    Пендаровски нагласи дека имаме и други слабости детектирани од Европската комисија, но како што потенцира, проблемот со уставните измени треба да го надминеме.

    – Во овој момент само овој проблем треба да го надминеме, со уставните промени. Џабе лицитираме со години, не можеме ако не го надминеме ова. Со оваа опозиција и со утрешната опозиција или власт, која ја поддржува противкандидатката, ние не можеме до крајов на веков да станеме – порача Пендаровски.

    Актуелниот претседател потенцира дека услови за составување на влада поставува тој што ќе победи на изборите. Според него, не е добро да се поставуваат услови пред изборите да завршат.

    – Условите ги поставува изборниот победник, оној кој на крајот победува и тоа е логиката, а не претходно. Не знам зошто тогаш госпоѓата прво вели дека се сигурни победници со 3:1, го знае резултатот оти ќе победат и на претседателските и на парламентарните избори пред да завршат, а условите пред избори ги поставува нејзиниот лидер Мицкоски, кој вели дајте ги гласовите за нашиот кандидат ако сакате да влезете во влада – рече Пендаровски.

    Кога двајцата ја отворија темата за тоа кој и колку недвижнини поседува, Силјановска му рече на Пендаровски да ѝ се извини за искажаните лаги, порачувајќи му да биде џентлмен и да го прифати поразот на изборите.

    Пендаровски, пак, ѝ возврати на Силјановска Давкова дека таа треба да биде џентлмен, по што доби одговор дека таа може да биде само дама.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img