More

    Руските пропагандисти му се навртеа на Вучиќ

    spot_img

    Марионета, предавник, политичка проститутка, го нарекоа дел од руските аналитичари блиски до рускиот претседател Владимир Путин, српскиот претседател Александар Вучиќ поради осудата на анексијата на украинските региони.

    – Србија беше меѓу оние кои гласаа против Русија, а Вучиќ постојано ветуваше дека нема да воведува санкции кон Русија – иронично напиша на својот Твитер профил еден од најжестоките пропагандисти на Путин, Владимир Соловјов.

    Тој објави фотографија од српскиот претседател Александар Вучиќ како со наведната глава седи на столчето спроти тогашниот американски претседател Доналд Трамп во Овалната соба на Белата куќ.

    Познатиот про-Кремљ воен аналитичар Јуриј Котенок, на својот Твитер профил напиша дека Србија во ОН гласала против Русија.

    – Србија гласаше против Русија во Обединетите нации, што значи дека Вучиќ е марионета, а се заколна дека нема да воведе санкции против Русија. Дијагнозата му е политичка проститутка – напиша тој на Твитер.

    Европската Комисија во најновиот извештај ѝ забележа на Србија дека не воведе санкции кон Русија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img