More

    СЕ РАСПАДНА БРАКОТ НА ЏЕНИФЕР ЛОПЕЗ И БЕН АФЛЕК

    spot_img

    Како што пишува американскиот таблоид „Ин тач викли“, на Бен Афлек му „дошло преку глава“ и решил да се разведе од пејачката, а наводно веќе се иселил од куќата што ја делат. Ова го потврди извор близок до парот.

    „Готово е, тие се разведуваат, а овој пат Бен не треба да се обвинува за тоа“, тврди инсајдерот.

    Обожавателите претходно забележаа дека Џенифер и Бен со недели не поминуваат време заедно. Актерот не присустваше на Мет гала со Џеј Ло на 6 мај и покрај нејзината важна позиција како копретседавачка на најголемиот моден настан.

    Официјалното оправдување на Бен за неприсуството на Мет гала беше дека бил зафатен со снимањето на „Сметководител 2“ (The Accountant 2), но изворот на „Ин тач“ тврди дека тој одлучил да се разведе.

    – Сега тој е фокусиран на работата и на своите деца. Бен веќе се исели и веројатно ќе ја продаде нивната куќа од соништата, која ја бараа цели две години. Тие никогаш нема да престанат да се сакаат, но таа не може да го контролира и тој не може да ја промени. Немаше шанси ова да потрае – тврди изворот.
    Парот, кој некогаш се забавуваше, но ја раскина свршувачката во 2003 година, а потоа повторно се спои речиси 20 години подоцна, претходно имаа проблеми во врската бидејќи се справуваа со славата на различни начини.

    Џенифер многу подобро се справуваше со медиумското внимание, додека Бен секогаш бегаше од рефлекторите. Во документарниот филм „The Greatest Love Story Never Told“, пејачката откри и дека тешко се справуваат со вниманието на јавноста и дека таму мора да прават компромиси.

    „Мислам дека на Бен не му е удобно да го правам ова, но не може да ме спречи“, рекла Џенифер.

    – Бен никогаш не сакал да ѝ ги уништи соништата на Џенифер или да ѝ каже дека не може да направи нешто за да ѝ помогне во кариерата, иако таа многу го контролира – тврди изворот.

    – Тие чекаа речиси две децении за повторно да бидат заедно, но на крајот едноставно не им успеа. Двајцата рекоа дека созреале и научиле од своите грешки, но некои од поголемите проблеми што ги предизвикале првиот пат кога се разделија, останаа исти – додава изворот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img