More

    Се огласија директорите на болниците на кои Бејби Лазања им ги донира 50.000 евра

    spot_img

    За хуманиот и исклучителен гест на младиот Марко Пуришиќ, познат под уметничкото име Бејби Лазања, зборува целиот регион, а сега се огласија и челниците на болниците на кои овогодинешниот претставник на Хрватска на Евровизија, им ја донира целата награда што му ја доделува државата.

    Претставникот на Хрватска Бејби Лазања постигна исклучителен успех на овогодинешниот музички натпревар на Евровизија. Тој беше фаворит на публиката и го освои второто место. Бејби Лазања имаше најмногу гласови од публиката, но гласовите на стручното жири одлучија претставникот на Швајцарија да победи со песната „The Code“.

    Хрватска се гордее со својот претставник. Неговите сограѓани приредија прием во негова чест по враќањето од музичкиот натпревар. Техничкиот премиер Андреј Пленковиќ најави дека Бејби Лазања ќе добие 50.000 евра државата Хрватска. Меѓутоа, пејачот одлучи целата сума да ја донира во болница. Директорот на КБЦ Загреб, Анте Ќорушиќ на прес-конференцијата му се заблагодари на Марко за донацијата.

    – Особено ми е драго кога доаѓа од најпопуларниот Хрват во светот! – истакна Ќорушиќ и додаде дека младиот истарски музичар со својот настап на Евровизија „многу помогна во промоцијата на татковината“.

    – Му благодарам уште еднаш. Парите што ни ги донира ќе бидат употребени таму каде што тој посака – додал Ќорушиќ.

    Тој најавил и дека Заводот за детска хематологија, онкологија и трансплантација на крвотворни матични клетки ќе се отвори во нови простории кон крајот на јуни или почетокот на јули, а на отворањето секако ќе го покани Бејби Лазања.

    – Верувам дека нашите пациенти ќе ја испеат „Рим Тим Таги Дим“ – додал тој.

    Ќорушиќ рекол и дека 25.000 евра што им ги донирал Марко ќе ги искористат за уште поудобно сместување на пациентите.

    – Ова многу ме изненади бидејќи доаѓа од човек кој има 28 години, но гледајќи го него и сѐ што тој прави во последно време… – заклучил Ќорушиќ, пренесува „24сата.хр“.

    Инаку, за донацијата зборувал и прим. д-р Миливој Новак, заменик директор на КБЦ Загреб, како и проф. д-р спец. Горан Роиќ, директор на Клиниката за детски болести, каде што се наоѓа Заводот за детска онкологија и хематологија со дневната болница „Младен Ќепулиќ“.

    – Додека пееше, сите навивавме за Марко, а сега ни покажа и колку е голем човек – изјавил Роиќ за „24сата.хр“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img