More

    Десетици рудари останаа заробени под земја по денешната експлозија во рудник за јаглен во провинцијата Бартин во северна Турција

    spot_img

    Десетици рудари останаа заробени под земја по денешната експлозија во рудник за јаглен во провинцијата Бартин во северна Турција, јавува Анадолија.

    Експлозијата се случила на 300 метри под земја во рудник за јаглен во крајбрежната провинција Бартин на Црното Море во 18:15 часот по локално време (15:15 часот по Гринич).

    На местото на настанот се испратени медицински екипи и пожарникари.

    – Спасувачките тимови успеаја да извлечат 14 рудари, додека најмалку 49 се уште се заробени, рече гувернерот на Бартин, Нуртац Арслан. Засега нема пријавени жртви.

    Турската управа за справување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) соопшти дека експлозијата во рудникот во населбата Амасра била предизвикана од трансформатор.

    Министрите за внатрешни работи и за енергетика и природни ресурси на Турција Сулејман Сојлу и Фатих Донмез ќе отпатуваат во Амасру по инструкции на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img