More

    Принцот Вилијам им дели необични совети на децата

    spot_img

    Принцот од Велс, Вилијам, ги споделил сознанијата за неговата љубов кон животните за време на серија ангажмани во Бирмингем фокусирани на менталното здравје и зборувал со децата додека обиколувал градска фарма која ги поддржува младите луѓе со ментални предизвици, објави британски Телеграф.

    Во средното училиште Сент Мајкл во Англија, тој го изненади 12-годишниот ученик Фреди Хедли кој му пиша лани поканувајќи го да ја поддржи неговата кампања за ментално здравје, „Дали сум доволно маженствен?“ (AmImanlyEnough).

    – Значи, ова е младото момче кое го започна сето тоа. Многу ми е мило што те видов, ти благодарам за твоето писмо – рекол принцот кога се запознавале.

    Фреди признал дека бил шокиран кога го видел принцот како излегува од автомобилот.

    – Беше лудо. Тоа значи дека тој го препозна она што го правиме – рече тој.– Многумина пишуваат писма, но писмото на Фреди беше навистина добро напишано. Ветив дека ќе дојдам – му рекол принцот на член на персоналот.

    Принцот потоа влегол во фармата „Вудгејт вели урбан“, веднаш надвор од градот, која е посветена на поддршка на децата и на младите кои се борат да пристапат до образование и на оние кои се соочуваат со предизвици за менталното здравје.

    Додека се запознавал со некои од децата, кои го користат објектот, тој разговарал за неговата љубов кон животните, откривајќи дека дома има морски прасиња, како и кокошки кои сакаат да јадат сушено овошје. И тој признал дека секогаш се оптеретува со чистење по морските прасиња на неговото семејство бидејќи неговите деца забораваат да го направат тоа.

    Принцот му рекол на едно момче дека лежел покрај својот коњ и се смирувал од неговото длабоко дишење. Вилијам рекол дека е „многу важно“ да разговара со овците и со другите животни, прашувајќи ги како се чувствуваат.

    Неговиот татко разговарал со растенијата.

    – Многу е важно да се разговара со нив, тие одговараат – рекол кралот, тогашниот принц Чарлс, во 1986 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img