More

    Истрага на весникот „Ле Монд“ открива делови од израелската стратегија

    spot_img

    За време на речиси седуммесечна војна, израелската армија го преобликува Појасот Газа според нејзините потреби. Додека израелската влада дебатира за иднината на управувањето со Појасот, вооружените сили систематски ги уништуваат, на област широка најмалку еден километар, сите згради долж границата. На овој начин тие воспоставија милитаризиран коридор кој го изолира градот Газа, пишува францускиот весник „Монд“во својата истражувачка сторија.

    Весникот на самиот почеток на текстот објаснува дека Израел урива згради во „безбедносната зона“ во близина на границата со Појасот Газа, што ја остава Газа без 16% од земјоделското земјиште. Израел, исто така, принуди стотици илјади жители на Газа да го напуштат северниот дел на енклавата и ја презеде контролата на патот, спречувајќи го нивното враќање, а во исто време го ограничи преминувањето на хуманитарна помош.

    Привремени или постојани објекти?

    Армијата – како што пишува весникот – врши напади од две напредни бази поставени на овој коридор и гради нови структури на брегот, кои треба да обезбедат испорака на помош по море, како што вети американскиот сојузник.

    Сепак, еден западен дипломат стравува дека иако Израел ги претставува овие структури како привремени, тие се остварен факт и би можеле да траат долго време.

    Целта на израелската десница е уништениот град Газа да го направи населена тампон зона на север или повторно да го окупира, пишува весникот „Монд“.

    Имајќи предвид дека сите компоненти на владејачката коалиција во Израел бараат да и се остави долгорочна „слобода на дејствување“ на војската во Газа, тие се согласуваат дека фазата на „стабилизација“ мора да продолжи многу години по војната, што бара редовни напади врз Хамас и другите вооружени сили во Газа.

    Тампон-зоната

    „Ле Монд“ објаснува дека Израел систематски уништувал згради долж границата со Газа широка еден километар. Тој појас се протега низ земјоделско земјиште кое пред војната произведуваше околу 20% од храната што ги задоволуваше потребите на Појасот Газа.

    На некои места областа е повеќе од еден километар, како што е случајот во уништеното село Кузаа.

    Десничарските политички лидери во Израел зборуваа за потребата да се казни Газа со отсекување на дел од нејзината територија.

    Премиерот Бенјамин Нетанјаху рече:

    „Безбедносната зона што е формирана во Појасот Газа, на периметарот на границите на Израел, ќе остане во сила се додека тоа го бараат безбедносните потреби“.

    Француските весници коментираат дека ваквото масовно уништување на цивилен имот може да претставува воено злосторство, а на долг рок, исто така би значело грабеж на земјиште.

    Високиот комесар за човекови права на Обединетите нации, Фолкер Турк, во февруари рече дека „Израел не дал јасни причини за такво масовно уништување на цивилната инфраструктура“ и ги потсети „властите дека присилното раселување на цивилите е воено злосторство“.

    Соединетите Држави ги признаа безбедносните потреби на својот сојузник, како што гледаат, нагласувајќи дека тие мора да останат привремени.

    Северна Газа

    Монд додава дека главната стратешка одлука на израелската армија во оваа војна останува принудното раселување на жителите на северниот дел на Појасот Газа со цел, како што тврдат, да ги разбие бригадите на Хамас и да уништи дел од неговата инфраструктура.

    Сепак, според ОН, околу 300.000 Палестинци остануваат изолирани и се изложени на ризик од глад, иако израелската војска дозволи, под меѓународен притисок, „партнерите од приватниот сектор“ да им пружат помош.

    Во овој контекст, центристичките министри во израелската воена влада започнуваат кампања за формирање „локален палестински ентитет“ одговорен за граѓански прашања, без отворено да го спомнуваат движењето Фатах или Палестинската управа предводена од Махмуд Абас. Тие, исто така, се обидуваат да ги убедат арапските земји да ја надгледуваат оваа локална власт заедно со Израел и да распоредат сили во Газа.

    Според Le Monde, предложените арапски земји се противат на овој план.

    Поделба на Газа

    Коридорот Нецарим го дели Појасот Газа на половина, а францускиот весник потврдува дека станува збор за воен пат што армијата го проширила од средината на февруари, по стариот пат што некогаш им служел на еврејските доселеници од населбата Нецарим, пред израелското повлекување во 2005 година. . Патот е долг седум километри и го отсекува градот Газа, спречувајќи ги жителите да се вратат во него.

    Сателитските снимки покажуваат континуирана изградба на напредни бази и контролни пунктови на крајбрежните патишта и на Салах ал-Дин во централниот дел на Појасот Газа. Војската изврши напади од овие бази, особено врз болницата Ал-Шифа минатиот март.

    Сателитските снимки направени на почетокот на март го покажуваат и новото пристаниште кое невладината организација World Central Kitchen го изгради од урнатините на зградите. Шест наутички милји подалеку, американските воени бродови градат привремен „пловечки мост“, кој треба да биде оперативен пред септември.

    Израел формира воена зона на брегот, за која тврди дека „обезбедува истовар на меѓународна хуманитарна помош испорачана по море“.

    Раселени лица

    „Ле Монд“ наведува дека песочната област од 6,5 квадратни километри, каде што се наоѓале израелските населби во Гуш Катиф пред израелското повлекување во 2005 година, денес засолнува стотици илјади раселени луѓе. Израел ја назначи оваа локација како „безбедна зона“ на почетокот на декември 2023 година и најави нејзино проширување на 28 април.

    Ал-Маваси е палестинска крајбрежна област лоцирана југозападно од Газа, позната по земјоделското земјиште и подземните води за пиење. Поради политиките што ги спроведува израелската армија, оваа област е трансформирана од земјоделско подрачје, кое го хранеше Појасот Газа, во неплодна земја и епицентар на раселување во Појасот.

    Повеќе од милион раселени луѓе исто така живеат во шатори околу јужниот град Рафах, а Израел најави голем копнен напад врз градот за да ја врати контролата врз коридорот Филаделфија на границата со Египет. Тој тврди дека сака да се бори против шверцот на оружје низ тунелите, да ги гони единиците на Хамас и неговата цивилна администрација, се вели во извештајот.

    Сателитските снимки анализирани од весникот „Ле Монд“ покажуваат дека Израел почна – во средината на февруари – да го подобрува воениот коридор што го изолира градот Газа од остатокот од Појасот, на поранешниот пат што го користеа доселениците од населбата Нецарим. Таму се стационирани две бригади на две напредни позиции, а опремени се со антени, радари и уреди за надзор, чии светла достигнуваат големи растојанија во темнина поради прекини на струја.

    -Зајакнувањето на овие структури предизвикува загриженост дека војската „се подготвува за подолг престој“ во областа – рече Скот Андерсон, заменик-директор за операции во Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток (UNRWA) во Газа. .

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img