More

    ПРЕТЕПАН Е ГЕРМАНСКИ ЕВРОПРАТЕНИК ДОДЕКА ЛЕПЕЛ ПЛАКАТИ

    spot_img

    Германската полиција денеска соопшти дека покренала истрага против четворица тинејџери осомничени дека претепале германски пратеник во Европскиот парламент и активист на Партијата на зелените во градот Дрезден, на истокот на земјата.

    Првиот напаѓач, 17-годишник, и се предаде на полицијата во неделата по нападот во кој Матијас Еке, кој ги претставува социјалдемократите (СПД) во Европскиот парламент, беше претепан во петокот вечерта за време на изборната кампања.

    Четворицата млади момчиња се на 17 и 18 години. При претрес на куќи земени се докази кои сега се предмет на анализа. Ќе помине извесно време пред да заврши истрагата, се вели во соопштението на полицијата и државното обвинителство.

    Заднината на злосторството е нејасна.

    Германски европратеник  Матијас Еке од партијата на канцеларот Олаф Шолц ќе мора да оди на итна операција откако беше брутално претепан.

    Владејачките социјалдемократи соопштија дека Еке кој се кандидира за реизбор следниот месец, бил нападнат додека поставувал плакати во Дрезден во петокот вечерта.

    Еке, кој има 41 година, е пренесен во болница. Полицијата соопшти дека тој бил нападнат и клоцан од четворица мажи и дека истата група очигледно нападнала член на Зелената партија неколку минути претходно на истата улица.

    – Демократијата е загрозена од ваквиот чин – рече Шолц на конгресот на европските социјалистички партии во Берлин.

    Тоа е последен во серијата инциденти кои ги подигнаа политичките тензии во Германија пред изборите.

    Министерката за внатрешни работи Ненси Фесер, исто така социјалдемократ, рече дека нападот, доколку се докаже дека е политички мотивиран, ќе биде сериозен напад врз демократијата.

    – Доживуваме нова димензија на антидемократско насилство – рече Фезер и вети поостра акција и дополнителни заштитни мерки за демократските сили.

    Владејачките и опозициските партии велат дека нивните членови и поддржувачи се соочиле со бран физички и вербални напади во последниве месеци и ја повикале полицијата да ја засили заштитата на политичарите и предизборните собири.

    Многу од инцидентите се случија на поранешниот комунистички исток на земјата, каде што се очекува екстремно десничарската и анти-естаблишмент партија Алтернатива за Германија (AfD) да има придобивки на европските и германските државни избори наесен.

    Ли Јае-Мјунг, лидерот на јужнокорејската опозиција, неодамна беше нападнат со нож во пристанишниот град Бусан, откако тесно ги загуби претседателските избори во таа земја.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img